Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Da gi sitnish utrata I nokite vo samotija , so mnogu prasanja I samo eden odgovor-posakuvanje.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти ја побарав раката, ми ја подаде, нека остане така, избројана си само ти во сите прсти кои посегнаа да те допрат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Leiii

Староседелец
3 септември 2014
3
4
1,003
Се приметува.. не може да не се примети дека нешто ми се случува.Но најтешко ми е кога моето немање волја за живот ја мешаат со мрзеливост.Не знам што да кажам во тие моменти на мајка ми.Мене ми се плаче, солзи на очите ми доаѓаат, претходните неколку вечери едвај сум заспивала додека сум се гушела од болка, а таа како на некое мало дете му се развикува и го нарекува мрзеливо.Ниту апетит имам како што имав, ниту мерак за дотерување, шетање, смеење...
Што погрешно направив? Зошто сум толку несреќна во љубовта.Уште колку пати ќе морам сама да се исправувам додека некој конечно не ми ја подаде неговата рака.
Ти за малку моите чувства ќе ги наречеше нечовечки, ненормални.Кога ли ќе научам јас што е нормално...Зошто ти не ми помогнеш да бидам нормална кога се што сакав е тоа, па така да имаме и ние најнормален однос...
Уморна сум љубов, многу сум уморна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Истетовирано е со црно мастило,
ова постоење кое мора да заврши,
како и твоето после моето,
запишано е каде очите не догледуваат,
но, моја тајна си,
која никогаш не ќе ја изговорам во овој живот, можеби тишината занишана во лисјата на брезите ќе ја издадат некогаш,
но никој не ќе ја разбере,
затоа што се помалку луѓе можат да ги набројат на прсти тие што ги сакаат,
задржи ме дур не згаснам, нека биде моја последна желба,
затоа што никој не ме познавал како што ме познаваш ти,
и се си ми,
и повторно некогаш ќе бидеш само ти,
на моите дланки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од тогаш до денес јас не паметам да не украдеш насмевка од ова лице кое знае да ти припаѓа, намигни му со светлината на некоја ѕвезда залутана на небото сега и таму горе, тоа е се што имаш и имам, зарем малку е, во ова време на превртени насмевки и исправени сказалки, кои не значат ништо, ти секогаш знаеш каде да ме најдеш, портите на овој град ти ги оставив отворени, еднаш и засекогаш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И ќе биде се во ред, твојот мејкап не ќе се растопи од пролетното сонце, а моите очи ќе го родат повторно зеленото во расцутените, ќе постои некоја бројка на календарот само нам важна со стариот поветерец кој ќе ти ги милува прамените од косата со моите прсти и ништо нема да се смени, се ќе биде, само нас нема да не биде, таму каде сонот изгрева, со последната солза на нашето што некогаш беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сѐ е така минливо, но не и ти...
Нека не те загрижува што си различен од другите, затоа си единствен..
Не паѓај со лисјата што пожолтуваат, не топи се со снегот што заминува, се ќе пројде, само немој ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar