Ја насликав мојата насмевка на твоето лице, го изградив од тебе моето јас, во твоите гради најдов спокој за мојата душа.
Сакам да мислам на тебе кога не можам да заспијам...
Или, не сакам да заспијам кога мислам на тебе...
Мислам на тебе и кога мислам дека не мислам и кога не сакам да мислам.
Има денови кога можам се да поднесам и далечината и мисли и зборови, но има и такви кога мислата ми е планина а зборот провалија. Тогаш ми требаш толку што и близината ми е малку. Ми требаш толку што би се вовлекла во твојата кожа, па нека чука моето срце со твоето како едно. Ми требаш толку што би гледала со твоите очи и би молчела со твоите усни, да не излезе ни еден збор ни една мисла. Да не се распрснат како ѕвездите на небото.
Не можам да се препуштам на болката и да го достигнам толку посакуваното олеснување, не смеам да се изгубам во недостигањето за да можам да опстанам од сеќавањето на топлите воздишки, морам да го запрам срцето, да престане да чука додека повторно не ме допреш, за да го смирам губењето на разумот, ноќва и секоја слична на неа.
Ајде сега, извлечи се од сивилото на ноќта, запали цигара, тргни со мислите низ ладната ноќ, па заедно да го почувствуваме спокојот на месечината.