Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Каде ли ќе ја собере мојата љубов за тебе откако душата ќе го напушти телото?
Ќе сака да остане крај тебе. Прифати ја, понуди и го меѓупросторот на два погледи, па нека го исполни цел универзум.1cd9f445156279.58286c59a16f6.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога гласот ми е тивок крик и погледот нежно венеење, помислувам на твојата насмевка да оздравам од се, од бол и непробол, така е тоа запишано од моето раѓање со првото отворање на очиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Секоја ноќ ми ги квасиш очите, да можеш да ги избришеш со прстите мудри, да ги бакнеш со усните од ветрот зацрвенети, ќе те запечат и тебе знам, тогаш ќе ја почувствуваш пецкавата болка на зборовите. И тогаш да ми е, да ја положам главава на градите твои, додека младата месечина не гледа и со светлина милостива ми ги затвора очиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Тивко се сместуваш помеѓу секое отчукување на срцето во тишината на полноќта, остани така во мене, ја разубавуваш ноќта.
 

malecka

Староседелец
3 април 2013
66
40
1,028
Љубави знам дека си на семинар во друга земја не е битно која, но не ја заборавај нашата заедничка песна (inlove)

But you'll never be alone
I'll be with you from dusk till dawn
I'll be with you from dusk till dawn

Baby, I'm right here
I'll hold you when things go wrong
I'll be with you from dusk till dawn
I'll be with you from dusk till dawn

Baby, I'm right here


 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се раѓаш во мислите со секое ново отворање на очите наутро и не исчезнуваш кога ќе ги затворам, тогаш можам да се заколнам дека и присуството ти го чувствувам, а допирот ми фали, проклето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Остани со мене и онака јас сум веќе раситнет во мал кусур кој пробива џеб со ветва ткаенина, отвори вино и посакај ми среќа, потроши ме во ноќта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*