Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ти благодарам што си зрак светлост во темнината моја, ти благодарам што ми ја грееш душата, ти благодарам на несебичноста со која ми го разубавуваш секој ден и ти благодарам што си како оваа мисла недовршен и смешен
И пак топла перница, мирна прегратка.. лов ин ди еир ама што се случува зошто само мислите ни зборуваат .. зошто усните молчат а душите шепотат нешто една со друга.. шепотат дека нешто фали.. шепотат дека и двете се разочарани.. ке биде ли...
Не те трпам, ми требаш.Јас сум твоето "Јас", ова е затворен круг и без разлика што поради мене сакаш да заминеш, знај каде и да одиш секогаш ќе одам со тебе.Ако ти требам само побарај ме во себе, ќе ја чуеш и мојата тишина, секогаш знаеш што мислам.
И покрај сето разочарување пак ме правиш среќна.. Пак ми сјаат очиве зошто знаеш како, од секогаш си знаел како да ме усреќиш да ме држиш покрај себе ко капка на дланка и во најбурниот период успеа да ме задржиш, друг не ме зеде не успеа..
Се трудиш се бориш за нас и ден денес исто како некогаш.. Ствараш иднина за нашите деца.. Ќе дојдат и тие на ред..
Дека е совршено блескаво чисто не е и никаде и никогаш нема да е ама толку колку што е доста е зошто е од почит и љубов.. Среќата ми е таму кај што си ми ти .. спокојмој
Ако очите се огледало на душата,
моите очи се твое огледало.
А насекаде околу мене туѓи очи....
Ни едни не будат сјај...
Бескрајна ми е душава
но сепак останува сама.
Ми те донесе светлината на ѕвездите,
да запалиш таен оган во очиве,
и на небото една роса од утрината украдена,
да сокрие една наша туѓа и длабока приказна,
за љубовта и богот во неа што ја оплодува.