Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сакам да ти кажааам колку неизмерно те сакам и колку најпроклето ми фалиииш :place Ништо не е исто без тебее, сакам да си тука, до мене, сега, во овој момент, и сакам само да останеш тука до мене, засекогаш.... Ништо не правам јас вака, никој не вреди како тебе, никој од нив не е како тебе, неможе ни да биде како тебе, неможе ни да ти се доближи, никој неможе да те замени.... НИКОЈ! :| Дојди побрзо пошо збеснав веќе без тебе....
Не ми е тешко што сум сама, тешко ми е што сум без тебе! :(
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
А ти бе, друг, мислиш некогаш да се јавиш?! Да се видиме некад у шивотов аман веќе, секоја недела ти е тебе следната недела.... Наредна ако не се видиме, ја ќе ти дојдам таму кај пто си и има да ме видиш убаво, не да ме видиш, и за цел живот ќе ме запамтиш (punch)
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
parvati
292285_447305685279535_1944217986_n.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Неможам ниту да те обвинам...но неможам ниту да бидам задоволна од тебе.
Неможам ниту да ти верувам,истовремено свесна сум и дека донекаде ти верувам,може и повеке одколку што треба и повеке од она што ти признавам дека е така.
Неможам ништо ниту да побарам а уште помалку и да очекувам.
Но неможам ниту да не кажам дека се повеке ме разочаруваш.
Дали тоа значи дека сепак нешто очекувам,дали заради тоа што не добивам треба да те обвинувам,дали само заради тоа треба и да не ти верувам?
Дали јас навистина сето тоа и го сакам?
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Не се разбирам себеси, а како тогаш да очекувам другите да ме разберат? Велам дека те заборавив, дека не ми значиш повеќе, дека продолжувам понатаму... Но зошто тогаш сега се чувствувам вака? Како дел од мене да недостасува, како срцето да ми се кине? Мислев дека сум силна, но згрешив.
Сега, кога денот е при крај и кога сама седам дома сфаќам дека не ми е сеедно, дека уште те носам во моето срце. Но зошто? Како да продолжам и веќе да ме мислам, да заборавам, да ставам крај! Каде е сета таа самодоверба од пред неколку часа?
Незнам зошто ми се случува ова, што не е во ред со мене?! Сакам само да продолжам понатаму, но зошто не можам? Што е тоа што толку цврсто ме држи и не ми дава да направам чекор, еден единствен.
Никогаш нема да знаеш што чувствувам, никогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Поминаа три години.
Го отфрлив од себе најдрагото,највредното.
Бев загрижена за твојата иднина,за твојата срека,за тебе.
Имам се,ми велеше...јас сепак мислев дека не си свесен дека не е тоа се што треба да имаш.
Едноставно се плашев да имам совршенство до себе.
го отфрлив сево ова за кое ми велеше...
се надевам дека сега кога сум без тебе,барем да бев во право и дека се што направив направив за твое подобро..барем ти да си срекен.....пиколо е сеуште таму каде што го остави,откако те замолив да заминеш.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Чувствувам како да си до мене, иако не си.Ја чувствувам блискоста твоја, иако си далеку од мене.Се прашувам, дали заслужив да те имам ? Дали те заслужувам во мојот живот ? Одговор можам да добијам само од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да ти кажам...те љубам бе мило, те љубам. Не знам како успеа но те љубам ко што никогаш не сум љубел. Постојано си ми во мислите, постојано се прашувам што правиш и како си...но кажи ми како да те прашам? Смеам ли да се осмелам да те прашам воопшто?
Влегувам да се бањам и откако ќе завршам оставам да ми тече вода врз главата, а јас сум целосно отсутен поставувајќи си прашања на кои не можам да дадам одговор но можам да ги замислувам можните одговори. Што да направам а да не те повредам мило, што? Јас и ти сме веројатно проколнати души кои вечно ќе патат од своите взаемни чувства. И сакам да ти кажам дека ми значиш премногу, многу повеќе од што можеш да замислиш и дека жалам за моментите кога се чувствуваш безвредна. Те љубам.