Хммм...
Имам едно глупаво прашање..
Не постојат глупави прашања...ти одговорив.
Прашање кое беше навистина глупаво.Непотребно.Петто по ред денеска.
Потребни ти се тие прашања за да ми пристапиш.Трик Х,зарем не?
Интересен е мојот труд вложен во одговорот и објаснувањето на тоа глупаво прашање.Трудот да останам концентрирана на содржината која ти ја раскажував гледајќи те во очи.
Трудот да не зјапам во тебе како теле,да не го покажам сјајот во очите,да не дозволам да ми затрепери гласот како и секогаш,да не се вцрвенам.
Се потрудив да останам приземјана.
Зборував и бев блиску до твоето лице,скоро ти го чувствував здивот.
Те гледав во очи.Ги регистрирав сите детали од твоето лице.
Го видов и сјајот во твоите очи.
Сфатив дека го знаеш одговорот на глупавото прашање на кое доби вистински филозофски одговор.
Прашувај ме..ќе одговорам.И ќе се потрудам да ѕирнам низ сокаците на твојата душа.Знаеш дека го можам тоа..како и ти што го можеш.

Последна промена: