Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Скитам наоколу со излитени мисли и зачадени сеќавања.
Во илјадниците изгубени души не се препознав себе си..
Како да сум туѓинец во сопственото тело.
Сите непрепознатливи лица ми изгледаат поблиски отколку самата јас..
Како да те испратам да не ми се вратиш?
Каде одат незаборавените кои до нас не се будат ами во сонот ни заспиваат?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На неделниот пазар пред црквата,на тезгата за hand-made накит бев задлабочена барајќи некое убаво парче.
Имав чуватво дека некој ме набљудува па го подигнав погледот.
Таму некаде на другата страна на улицата,далеку од целата гужва стоеше некој сличен на тебе.
Срцето ми затрепери и се разбуди копнежот во градиве.Оној..оној неопишлив копнеж кој ме раскинува.
Се фиксирав на таа силуета додека се околу мене исчезнуваше како во магла,обидувајќи се да најдам сличност.
Одеше во спротивен правец,со брзи чекори и кон мене завртен грб.
Се прашував дали си ти тоа.
Неможев да препознаам,далеку беше..Можно е,но сосем неверојатно.
Можеби беше тоа желбата да те видам..
Те барам низ толпата,низ луѓето.
И успевајќи да те заборавам
ми недостасува твоето присуство во мене.
И ете еден таков,навидум случаен лик со твој налик знае да разбранува се во мене.
И повторно си тука.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Откако те сретнав и смртта вреди земја, нека на живите и оние што допрва ќе се родат им се случи нашата средба, во некој и некоја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Твоите раце ќе ме заспијат ноќва милувајќи ми го лицево,сонувајќи ги повторно секој допир и бакнеж што ми ги подари,долго посакувани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да бидеш некому бол е тешко, а потешко е да не ја искажеш, времето е и така толку неважно, одминати сказалки од часовникот кои никогаш не се враќаат, ќе остане лузна сина луна во една летна ноќ и милион долари во чувства, во еден смртник, непобожен.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Денеска многу пати помислив на тебе, враќање на стари спомени, не знам од кај ми дојде така да мислам на тебе и да се задавам пак болка.
Нема вечерва да седам в соба и да слушам песни кои не потстуваат на нас, како што правев многу вечери со ред, туку ќе излезам, ќе се дотерам и ќе си ја ставам маската на лице, насмеана да гледаат сите колку сум "среќна"!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Истото небо го гледаме ноќва,одвоени,а сепак заедно,темнината не сокрива,месечината и пркоси а само звездите се наш сведок,за навек нем.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky