Ве гледам заедно на фејсбук,насмеани од уши до уши.Си мислам:Тоа требаше да бидам јас до тебе.Мојата рака требаше да стои околу твојата половина, моето тело до твоето. Понекогаш си мислам,Ах,врските се прават,се растураат... Дали станав еден од тие кој ќе чека вашата врска да се распадне? Дали ќе чекам да сфатиш дека тој не е за тебе? И ако толку многу го сакаш,како што велат твоите срциња на неговите објави, зошто воопшто ми пиша? Зошто воопшто се сети на мене и ми напиша? Дали сакаш да патам? Дали си со него само за да ме направиш љубоморен? Зошто ако е така,ти успеа. Умирам одвнатре. А сега може ли да ги затворам очите и кога повторно ќе ги отворам се да се врати во нормала? Ова не е мојот живот,ова не е тоа што го посакував јас. Ти не можиш да бидиш толку далечна. Кога знаеш како се чувствувам во врска со тебе, зошто ме провоцираш? Си играш топло - ладно со мене. Можеби сум ти резерва?
Се сепнувам кога некој ќе ми рече Брат,ти си далеку подобар од него. Што ми вреди тоа кога ти го одбра него? И илјада пати да сум подобар, тој те има тебе. На крај само тоа е важно,нели? Кој ја доби наградата? Зар не? Што ми вреди тоа што сум подобар, кога тој е посреќен од мене? Му завидувам што го има најголемото богатство на светот,и искрено се надевам дека нема да дозволи да те изгуби како што направив јас.Не бидејќи го сакам тој мрсулко покрај тебе, ами поради тоа што не би издржал да те видам повторно повредена.