Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Никогаш не те заборавив, можеби поради тоа што 24/7 те гледам на околу.Тешко е , но научив да живеам со твојата иронија и тврдоглавост, научив да живеам да бидам пријател со тебе , а да бидам сеуште потајно вљубена во тебе.Твоите зборови,дела, комплименти и арогантни коментари, се ме излудува. Ме излудуваш со твојот поглед. И сеуште копнеам да ја најдам личноста што може да те замени.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Имам чуство како да зборувам со некоја друга ми рече...
-Па беше дете кога те запознав.
Забораваш што си конструирал.
Машината го надитри научникот,а ученикот го надмина учителот.
-А тоа е?
Девојката што пред тебе стои.
Програмирана за навек да ти ја пеплоса душата и до темел да те срамни.
Таква што те натера да и јадеш од рака....па колку често твојата да држела туѓа,сакам едно да знаеш.....
Искуството е извежбување на нервите,вежбата е инвестиција за никој веќе да не те повреди.Инвестицијата е влог во беспрекорна иднина и чиста совест за наплатеното.Се останато бевме јас и ти.А денес се што останало сум само јас,тебе времето и сопствениот карактер од пред очиве и зад комориве те избришале.
И нога пред нога со сладок тупот на потпетиците го остави зад себе,да и се наситува на задницата која овој ден метафорично ја бакна....
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
-Ми бегаш од срцето –Нека ми побегне животот


- Еј девојко, моја некогаш љубена,
намини ми во прегратки само уште вечерва,
да те љубам уште еднаш пред да зазори,
а потоа побегни во сеќавањата,
како што ми бегаш од срцето...
- Еј момче, љубов единствена,
не одлетува славеј од затворен кафез,
јас одамна си ја вгнездив душава,
во твоето срце закоравено,
не можам да избегам од љубовта,
која ме стега во болна оловна прегратка...
- Еј моја некогаш љубена,
не ја влечи веќе мојата сенка по себе,
само трчај по испуканата калдрма,
зарем не гледаш како ти бега животот,
како што ти ми бегаш од срцево...
- Еј љубов единствена,
ќе ти наминам уште вечерва,
да ги истресам од тебе сите мои прегратки,
да ги соберам од твоите усни сите мои бакнежи,
и дури зазори да умирам во твоите постели,
неосетно да го испратам животот, да ми избега,
како што ти ме испрати мене, далеку од срцето,
во болниот заборав...

Ивана Бајрактарова
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Осамнеоста ја чуствувам како некое замрзнато езеро околу мене,го чуствувам срамот,и лудоста на овој живот,ја чуствувам болката за загубената младост и личноста што многу ја сакам.Ме боли навистина но тоа сепак е болка,срам,измачување,тоа е....И наместо одговор кој и не го очекувам наоѓам прашања кои се повеќе ги има.Сега нешто е загубено нешто што постоеше некогаш и незнам дали ќе може да се врати.Минато!Но бакнежите и украдените вечерни прошетки не беше тоа што беше најубаво.Најубава беше онаа сила која се разбуди од таа љубов,онаа силна желба да живеам и да љубам и да се фрлам в оган поради тебе.Тој што може да се даде себеси во замена за еден миг,тој што може да ги жртвува годините за насмевката на еден човек тој зане што е среќа.Тоа го имав јас.Во животот научив многу работи,но имам уште многу за учење.Морам да учам од тој човек кој сеуште не умее да сака.Морам за да го надминам копнежот по него....Тогаш ке можам да сакам искрено,да сакам засекогаш,нема да морам да го повторувам тоа што еднаш веќе сум го преживела.Тој е тој пат по кој сакам јас да чекорам.
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
„Побегнав на момент за да уживам во првиот снег.
Кога не си овде, зарем е важно каде си?
Оваа душа е облак.
Во џебот од капутот носам песна.
Би сакал да заспијам, но не знам како.
Каква љубов си ти?
Побегнав на момент за да уживам во првиот снег.
Му верувам на небото.
Ќе бидам снегулка и вечерва ќе ти ги бакнувам трепките.
Со воздишки да ги топам снегулките од твојот врат.
Боли ли снегот дури паѓа?
Колку далеку е доволно далеку?
Ова е првиот снег на кој се радувам откако замина.
И чудно е. И тажно е. Радост која боли.
Бевме лага и тоа е единствената вистина за нас.
Побегнав на момент за да уживам во првиот снег.“ - Петар Ацев