те повикував во ноќите
не се трезнев до зорите
со часови пробував да го оставам времето зад себе
ниеден мрак не е посилен од светлината која се буди
ничија болка не боли исто
ничија насмевка не брои заборав
сврти се и памети ги убавите работи
љубовта е игра на чувства
кои се раѓаат како плима и осека
љубовта е убав цвет во мочуриште
љубовта е планинска убавина
остра, праведна и природна
кога на пролет реките ќе прелеат
можеби ќе се вратиш поинаква
можеби тогаш ќе бидам љубен безвременски
можеби тогаш ќе бидам твој засекогаш
можеби никогаш нема да се разделиме
можеби само небото е граница
можеби зборовите залутале како некој куршум
можеби сме дивееле во градината на нерасцветаните ружи
можеби сме во замислениот круг на мечтите
чиј волшебен прав го допираме со прстите
можеби сме бесмртни
можеби.

ДЈП-ФБ