Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Те сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум. Te сакам затоа што без тебе се` ме боли и затоа што без тебе мојот свет не е цел. Те сакам затоа што знаеш да ме налутиш, знаеш да ме расплачеш, но и за исто толку време знаеш и да ме насмееш. Те сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Те сакам од инат. Тесакам затоа што не сакам да те сакам. Те сакам и тогаш кога мислам дека не те сакам. Те сакам поради тоа што не можеш да кажеш те сакам, поради тоа што мразиш лигавење, а сепак знаеш толку добро да ми покажеш колку ти значам. Те сакав и кога не сакаше да се бакнуваш, туку само да се гушкаш.
Ама..Се’ што е убаво кратко трае...

(hug)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ти си во корист,треба да имаш храброст да кажеш денеска дека сакаш некого,останатото е сега во негови раце,дали ќе знае да цени или ќе злоупотреби.

Да,имам јас секогаш храброст да кажувам што ми лежи на срце...Но дали ке имам да продолжам да го гледам а не е до мене?Или пак ме прегрнува знаејки дека е само тоа на другарски начин ? :/
Мериииииииииии си испушти златно човече (worried)Нека ми е.

Да продолжам ли да се борам за тебе или не?
Ти навистина вредиш.
Но ова е момент во кој што не знам што да направам...
До сега сум имала брзи решенија но сега не..
Сега сум изгубена,во тебе.
Во оваа силна љубов која не ми дава мира...
Но остани покрај мене...Знам дека ке останеш.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
''...да ти се исполнат сите желби што и да посакаш'' . .. не си свесен дека само ти си ми вистинска желба втисната длабоко во срцево и дека само тоа посакувам??
ми го распарчи срцево со поракава... секое од претходните милион на кои беше распарчено сега на други милион парчиња...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Пратејќи го разумот, барем тој дел што остана од него, полека почнав да ги губам чувствата што секогаш ме водеа кон тебе. И не, не е се така исто кога навечер ке ги затворам очите, секоја вечер иста слика, исти тон, исто светло, исти маки....секогаш иста Ти. Секоја вечер ја барав грешката во мене, се измачував....се сменав за тебе.И кога расчепкав во минатото, далеку пред да те запознаам тебе, видов дека јас и не сум толку лош, сум функционирал и пред тебе. Тие не се трудеа да ме сменат.... Ги сакаа моите мани, лудата глава, адреналинскиот зависник и немирната душа. Не успеа ниту една да ме задржи покрај себе, но не поради нив, туку поради мене. Јас не знаев да останам со една. Научив вистински да сакам и да бидам само со една кога се појави Ти, мислев дека секогаш ке цветаат ружите...оние црвени, знаеш што ги сакам најмногу, дадов се од себе, стигнав далеку...ке одев и до крајот на светот за тебе, ке се искачев на највисокиот врв, доволно блиску до месечина за да прошепотам „Те сакам“....а сега? Сега само погледнувам нагоре, не зборувам ништо, кажав доволно за целиот твој живот да го слушаш истиот збор кога ке погледнеш нагоре и да се потсетиш на нас. Тешко е, но ќе помини, времето ке покажи дали ти беше вистинската. Доста беше одбивање на прекрасните девојки кои на момент барем ке ја пополнеа празнината која ја остави Ти. Мислам дека тебе ти е сеедно, како да немаш срце, како да немаш душа, никогаш кога требаше не се потруди за нас, за тебе никогаш не бевме Ние. Неколку пати ни се вкрстија патиштата, нема да дозволам повеќе, несакам да се сретниме. Доволно беше. Од сите досега ти воопшто не го заслужи моето внимание. Лузните кои ми ги направи ти, никогаш нема да исчезнат. Повеќе немам за што да се плашам, кога те немам тебе немам ни што да изгубам. Барем биди ми здрава и жива, знам дека никогаш нема да си среќна, нема ни јас. Ти си само една бројка и како што врви времето ќе останиш како таква. Секоја фотографија има свое име-бројка, понекогаш ке погледнеме назад во минатото и ќе се потсетиме на таа бројка, минато, сегашност и безнадежна иднина. me2 <3 4u
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Нокеска ти кажав ке ми фалиш денес...А ти?Знам,и не бегам од тоа,не бегам од тебе :)
Неверојатно е колку поседуваш оригиналност...Чиста душа.
Ми требаш...Сега,поручек вечер...Денес утре засекогаш...
Ми треба твојот милозвучлив глас,нашите муабети до доцните часови...
Ке те слушнам дури утре...А вечер со мислите упатени кон тебе...Како и секогаш.
Ми кажа,и ти ми значиш...И кога те прашав кој најмногу те сака на свет после твоите?
Секогаш го погодуваш зборот...Ми одговори Ти...Ти ме сакаш.
И ке продолжам да ти го кажувам тоа...додека розата не овене...Но,вештачка е...
Да знаеш...Ке престанам да те сакам кога ке ги изброиш сите зрнца песок на сите пустини во светот...
Кога глувиот сликар ке успее да го наслика звукот на морето...
Спиј сега...Спиј а јас ке ти дојдам во сонот и ке те прегрнам како никој никогаш досега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Photographer

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
И во врска со љубовта сакам да ти кажам дека,дури и на Мери веке не и се чудам на нејзините екстремно брзи промени,кога знам дека постоиш ти.



Мила таква сум си јас...:roflЈбг,кога сакам некој сакам до крај...Без граници,најсилно на свет.Не себично...
Да,можеби некогаш велам дека ке се откажам,или пак ке барам друг но личноста која ја сакам..Таа личност моментално ми е се во животот.:)

Што би кажала...

Зошто сега ти текнува на мене...Зошто вчера сакаше да ми зборуваш...Кај беше порано?
Остави ме...Остави ме да го сакам совршенството,него :)
Зошто тој навистина ја заслужува мојата љубов.Не ти,не некој друг туку тој.:)
Иако е далеку тој е сепак во мене,ти ми беше близу но сепак далеку...
И така.се надевам дека нема повеке да те видам,иако си од мојот град...
И да...љубов моја,вчера ме израдува кога ми врати на пораката на фб...
Постојано погледите ми беа вперени во мобилниот...
И н аеднаш,видов дека си ми пишал.Ме обзема некоја чудна срека.
Ти благодарам за тоа што ме правиш таква...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer