Гледаш, најмногу ме боли тоа што неможев да те видам за последен пат, само уште еднаш.. Да се разделам од тебе, всушност и никогаш не би те пуштила да одиш. Не ти кажав збогум, бидејќи знам дека ќе дојде ден кога повторно ќе те видам....
Можеби до тој ден ќе мислам како сум те заборавила, но знам дека кога повторно погледите ќе ни се сретнат како некогаш , ќе ме заболи, тука, малку појужно од душата... б идејќи ќе бидеш со неа.
Зборуваат како си среќен, како и колку ја сакаш. Се прашувам колку ќе трае тоа, дали е тоа минлива работа како што беше и со мене ?
А те сакав гаду, повеќе од неа, повеќе од било која.
Ме научи како животот може да биде безмилосен. Исто така и ме промени, станав силна, храбра, но во исто време и горда.
Навистина, ти благодарам за тоа .
Ти благодарам за се што направи за мене од денот кога прв пат те видов па се до „оној ден“.
Секогаш бев тука за тебе, иако многу ми велеа да се тргнам, дека ќе бидам повредена, дека само ќе ме искористиш, ќе ми го уништиш животот.
Но тие не знаат дека јас баш таков те сакав. Мислев дека мојата љубов ќе успее да те тргне од лошиот пат, знаеш и самиот кој. Ова е веројатно и последно што би го напишала, а да е посветено за тебе.
И ако некогаш ова пристигне до тебе, се надевам дека тогаш ќе сватиш, колку те сакав,ако не си бил способен тогаш...
И продолжувам, го враќам филмот... односно она поминато време со тебе. И без обзир на се, и повторно да би се родила, сепак би те одбрала тебе...