Не ми е јасно ова. Ги прекинавме сите контакти, не зборуваме веќе, ги избришавме броевите од телефоните... Тврдиш дека не си го знаел мојот напамет... И од каде знаеш дека сум болна? Кој е шпионот? Кој ти дава апдејт за сите информации што ги имаш во врска со мене? Од каде ти е правото да ме будиш насабајле за да ме прашаш како ми поминала ноќта? И без да прашаш сигурно знаеш како е. Температура цела ноќ, едвај ја симнав... Грлото ме стегна, не можам да зборувам. А и тогаш кога морам, како тинејџер на кој му мутира гласот. Од сабајле добив 2 инекции и една инфузија, ама ти тоа веќе го знаеше... И ШТО АКО МИ Е ЛОШО? Нели немаше да не засега, па колку и да не копкаше да се видиме или да се слушнеме? Зошто ги кршиш правилата и повторно контактираш со мене? Ме збунуваш. Навистина не ми требаат вакви срања баш сега кога ми е најтешко...