Што да ти кажам момак? Што?
Еве, на ти стихови од песнава што ми се уврте во глава.
Знам оти не е хардкор, уште помалку пак одговара на нешто...освен третиот стих.
I knew you were trouble when you walked in
So shame on me now
Flew me to places I'd never been
'Til you put me down, oh...
Не. Срам ми е да пишувам, ми ги знаеш „траумите.“
И озбилно...бескрајно ти благодарам што имаш разбирање за истите и не ме прекоруваш.
А за возврат, ветувам дека ќе се трудам што помалку да ја изнесувам на виделина несигурноста во себе.
Несигурности кои прв успеа да ми ги извлечеш од под кожа. Оние поради кои толку месеци се плашев да дозволам некому да ми се приближи.
И не знам како, ама тебе ти успеа...и тоа низ сета оваа фрка, што додатно ме тера да ти се восхитувам.
Го знаеш она што го викаат соголување на душата? Е, тоа ми се случи! Без страв дека ќе добијам прекор.
А ме болеше и ми вриеше однатре искрено. Мило ми е што колку-толку успеав да изустам. И што ти кажав токму тебе.
Ова ти е комплимент, онаков каков што знам да дадам де...
Како да кажам...ме скроти де! Е!
Малку ама...
р.ѕ.
(којзнае што ќе помисли народ...) Добар си...добар. Море одличен!
Лажам за сè горенаведено.
Или не?
There's only one way to find out.