Не. Ниту еден поглед не е толку искрен како твојот, ниту една насмевка не ме развеселува како твојата. Ја фрлив старата и ставив нова маска, но ти и таа ја уништи. Време е да се пронајдам. После толку време глумење и преправање, заборавив која сум и што сум. Но открив дека сум навистина силна. Не може ништо да ме сруши, се додека јас самата не го дозволам тоа. Да. Така е. Добивам се што сакам, со труд и со многу искинати нерви. Ама ако. Најважното е дека успевам. И ќе газам се пред себе, без разлика кој е и што е. Веќе не ми е гајле за ништо. Предолго мислев на тоа каква слика ќе имаат другите за мене, или што ќе кажат за мене. Она што не успеа да ме убие, само ме направи уште посилна.
Никој не е како тебе, никогаш ни нема да го заземе твоето место. После една година, време е да отидеш подлабоко во срцево кое планирам да го замрзнам. И така и ќе остане, се додека некој не се појави за да го стопи. Ама, проблемот е, што не верувам дека постои таков. Ама ако. Јас и самата знам како да бидам среќна.
Ја паметиш нараквицата? Нема да ја тргнам. Таа ќе биде знак дека некогаш бевме заедно... мотив за да се борам и да успеам во животот... доказ дека те сакав и сеуште те сакам...
И иако не можеш да го прочиташ ова, знај дека секогаш ќе имаш место во моето срце, дека дел од тебе живее таму.
До тука требало да биде.
Збогум.