Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Почна готвењето низ дома, се спремаме за славата. Не ми се излегува од дома само сакам да јадам од она што го спрема мајка ми. Таа па само вика по мене Ангелааа, чекај не е готово :D
Ставив супа со кнедли да се свари, одамна не сум јадела. Кога ќе ми текне само како ги мразев то кнедлите ко мала и се бркавме со мајка ми околу маса..Мамо нејќам клендиии :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and The Tramp

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Фак јеааааааааааа :wavespin
Имам нова фризура :cool:.Баш оваква,ама не до волку светла плава. :igra
christina-aguilera-chic-medium-blonde-hairstyle-bangs.jpg
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
СДК сум дебел саможивник. Ги мразам луѓето, а нареден момент ги сакам со целото срце. Некогаш не можам да се дефинирам, сакам цел свет да се врти околу мене до наредниот момент кога утробата ми се превртува од таквата замисла.

Има моменти кога сметам дека среќата е во малите нешта... И трае.. Трае до моментот кога ќе отворам новчаник и ќе погледнам во празнини. Голи патенти со едно испишано книвче меѓу нив. И ме фаќа лутина... После толку непроспиени саати и макотрпна работа јас немам пари. Немам за себе, а не можам да помислам на заштеда. И се буди лавина од гнев и љубомора на сите што имаат. Вистинска ерупција! Мржња и нервоза. Ме нервираат. Многу! И ги мрзам до срж..

Ме нервира цурата што става сјај во новото ауди и е сместена на топлото сувовозачко седиште. Ме нервираат сите насочени погледи кон улицата од топлите гнездишта. Ме нервираат сите можни аспекти на презентација имам и имовина и остало материјално што е сходно за лепршање.

И тогаш погледнувам кон контињерот. Гледам стара баба, македонска баба што редовно брца у него. И ондак иде моментот на сакање.. Сита и облечена, целам кон својот топол дом, да го гушнам мојот пес. :rolleyes:
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Eдна турска серија завршува друга започнува.Од врби до Османици и Џемилиња и виолини.
Ми се плачи кога гледам дека на секој канал ги има.
Ми доага да фрлам телевизорот низ прозор .
Е така.
Одам да одмарам.
Зошто грипот ми објави војна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.