СДК сум дебел саможивник. Ги мразам луѓето, а нареден момент ги сакам со целото срце. Некогаш не можам да се дефинирам, сакам цел свет да се врти околу мене до наредниот момент кога утробата ми се превртува од таквата замисла.
Има моменти кога сметам дека среќата е во малите нешта... И трае.. Трае до моментот кога ќе отворам новчаник и ќе погледнам во празнини. Голи патенти со едно испишано книвче меѓу нив. И ме фаќа лутина... После толку непроспиени саати и макотрпна работа јас немам пари. Немам за себе, а не можам да помислам на заштеда. И се буди лавина од гнев и љубомора на сите што имаат. Вистинска ерупција! Мржња и нервоза. Ме нервираат. Многу! И ги мрзам до срж..
Ме нервира цурата што става сјај во новото ауди и е сместена на топлото сувовозачко седиште. Ме нервираат сите насочени погледи кон улицата од топлите гнездишта. Ме нервираат сите можни аспекти на презентација имам и имовина и остало материјално што е сходно за лепршање.
И тогаш погледнувам кон контињерот. Гледам стара баба, македонска баба што редовно брца у него. И ондак иде моментот на сакање.. Сита и облечена, целам кон својот топол дом, да го гушнам мојот пес.