Среќна ?!? Бев некогаш...повеќе не. Сега тоа звучи толку далечно и недостижно.Посакувам да се вратат деновите кога бев дете,кога единствена грижа ми беше кога ќе дојдат моите другарки да играме,кога најдолгата караница траеше неколку минути,кога единствена болка ми беа раните на моите колена кои брзо зараснуваа.Никогаш не помислував дека светот на возрасните е толку суров и комплициран,дека секој на секого гледа да наштети,да го повреди...Да го знаев сето ова никогаш не ќе посакав да пораснам.Никогаш не помислував дека љубовта боли,дека ја нагризува душата,остава длабоки рани кои тешко зараснуваат. Не знаев дека можеш цела ноќ да останеш будна,плачејќи да ги бараш одговорите за се она што ти се случува. Секоја ноќ да заспиваш плачејќи,а другиот ден да најдеш сила да продолжиш понатака.Најмалку очекував дека ќе те повредат оние на кои најмногу им веруваш,дека тие се оние што те туркаат во бездна а ти се надеваш на нивна поддршка додека паѓаш. Боли сето ова,боли...ја гори душата боли кога плачеш,а нема кој да ти ги избрише солзите.Боли кога нема кој да те праша како си,да ти се јави само за да ти го слушне гласот,да одвојува време за тебе бидејќи тоа ме прави среќна...