Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Се мислам цело време како да дојдам до хуманитерките кој ги дава Бил Гејтс онаа Џоли дојде до Хрватска а не и текна да помине до Македонија да посвои некое дете еве на пример мене можеше се ке правев за маж и :zelen
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Денес обликот на лицето инстантно ми се смени од :) во :eek :banghead

Стојам јас пред продавница и се чекам со другарка ми. Во меѓувреме застанаа две девојчиња. Еднава и вика на другава: Еј абе знаеш дека имам другар Митре (Митре го крстив човеков за да не користам вистинско име). Те видел некни у дискотека, му се допаѓаш, сака да ве запознаам. Другава на тоа: А убав е? Првава и одговара позитивно. И потоа вторава како од пушка: А пари колку има? Луѓе не ми се веруваше што слушам. Првава и вика па сега нема многу, ама фин дечко е. Ааа не сакам и вика оваа, штом нема пари ич нека не ме бара. Па на што ти личам јас? Ако нема кола пешки ли ќе излегуваме? Знаеш дека мене ме бркаат многу машки, ама само тој што е најдобар за мене ќе ме има.

И како после да не се срамам дека сум девојче од ваквите? Светов е полн со такви, аждаи, лакрдии. Не ми се веруваше, и раскажувам на другарката што слушнав и таа се изначуди. Затоа светов е ваков за никаде, затоа што се повеќе и повеќе постојат такви паразити од девојчиња, што мислат дека можат само да си ја ладат, да шират нозе и дека така се живее. Како не им е срам бре, за едни влошки да бараат пари од машкото. Да не можат сами да си се изборат за место во светов. Како да живеат за Долче, скапа козметика и лумпување по дискотеки.

Убаво си вели поговорката... Луѓето се направени за да се сакаат, а парите за да се користат. Светот е тргнат по ѓаволите затоа што парите се сакаат, а луѓето се користат.

Понекогаш се срамам што сум девојче. Ноу комент:x
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Прочитав неколку мислења дека сум отсутна од форумов, па не сум до толку отсутна, повеќе набљулудувам. Една од причините што не пишувам многу е тоа што лап топот ми е на поправка и многу ретко го користам статичниот компјутер, - најчесто ум од мобилен вклучена, друга причина е тоа што многу ретко ме привлекува нешто да напишам, се едно исто, и има само неколку активни членови, а штом дојде нов веднаш се напаѓа бидејќи премногу спамираат. Секоја чест на исклучоците, има нови членови кои ми оставиле некаков впечаток, штета што немам повеќе време да се посветам на читање и пишување мислења.

Па и периодов многу празници, дома или имавме гости или бевме на гости, неколку прошетки и тоа беше мојот распуст.

Не се сеќавам дали некаде напишав дека стартот на Новата година беше одличен, но затоа пак неколку од наредните денови беа ужасни. Сега се е во ред се надевам така и ќе биде.

Доколку некое мислее ми е на латиница знајте дека сум од мобилен и доколку веднаш не ви одговорам исто сум од мобилен, се трудам да бидам брза со пријавите и на секој член да одговорам на прашање.

Долг пост испадна ова, ама ако. :D Сакав да кажам дека и периодов сум многу креативна (сама да си се пофалам бидејќи нема кој друг :zelen), се спремам да објавам се на блогот, па и DIY подароци за љубовта.
Да ептен сум заљубена и убаво ми е, среќна сум, исполнета...

Доколку се поправи мојот компјутер (лично мојот, а од овој што ви пишувам е заеднички со брат ми) се враќам во форма, како на почетокот, после доста од мене ќе ви биде :D
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
СДК дека сакам да се пожалам оти мразам да мијам садови .. и како бе секогаш мене ми се паѓа паричката да ги мијам !!!!! Ахх, реков јас не е добро да ти се падне само паричката од цела кора !! :banghead :mad :cenzura:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and Marchisio

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
СДП: Људи некој да не има нешто за прву пунску војну, ја тражи по интернет повише од 10 реда не најде (ако е на македонски океј, ако не е на македонски ич не се труќкајте). Фала
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Многу ретко веќе нешто да ме изненади, возбуди. Скоро секоја човечка ракција ми е позната, знам од каде доаѓа. Знам која насмевка е искрена, дали на некој му се плаче дури изиграва кловн, дали е некој среќен во врска или брак, кој што очекува и што ќе добие, кој живее во фантазии. Јасно ми е речиси од прв поглед.
Клише сме, сите. Прочитани, веќе видени.
Само чиста душа може да остане оригинал. Чиста душа не може да се копира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.