Прочитав неколку мислења дека сум отсутна од форумов, па не сум до толку отсутна, повеќе набљулудувам. Една од причините што не пишувам многу е тоа што лап топот ми е на поправка и многу ретко го користам статичниот компјутер, - најчесто ум од мобилен вклучена, друга причина е тоа што многу ретко ме привлекува нешто да напишам, се едно исто, и има само неколку активни членови, а штом дојде нов веднаш се напаѓа бидејќи премногу спамираат. Секоја чест на исклучоците, има нови членови кои ми оставиле некаков впечаток, штета што немам повеќе време да се посветам на читање и пишување мислења.
Па и периодов многу празници, дома или имавме гости или бевме на гости, неколку прошетки и тоа беше мојот распуст.
Не се сеќавам дали некаде напишав дека стартот на Новата година беше одличен, но затоа пак неколку од наредните денови беа ужасни. Сега се е во ред се надевам така и ќе биде.
Доколку некое мислее ми е на латиница знајте дека сум од мобилен и доколку веднаш не ви одговорам исто сум од мобилен, се трудам да бидам брза со пријавите и на секој член да одговорам на прашање.
Долг пост испадна ова, ама ако.
Сакав да кажам дека и периодов сум многу креативна (сама да си се пофалам бидејќи нема кој друг
), се спремам да објавам се на блогот, па и DIY подароци за љубовта.
Да ептен сум заљубена и убаво ми е, среќна сум, исполнета...
Доколку се поправи мојот компјутер (лично мојот, а од овој што ви пишувам е заеднички со брат ми) се враќам во форма, како на почетокот, после доста од мене ќе ви биде