Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Кога сказалките на часовникот ќе се спојат дајте си 20 секунди себе си. И силно посакајте годината која ја пречекувате да е година во која Вие крунисувате успех и љубов... Потоа посакувајте среќа и љубов на другите...
Имајте пријатна вечер црнобели.
Ве сака Марија :*
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ајмо децо сви да певамо.
Си ја накитив косава со г`з папир, па дури чекам да се навитка, да ви пишам уште еден клише пост со газелижујуча содржина, нели, да ви кажам дека сте срцки најмили и оти сите ве сакам, па така љубавно да се простиме до утре.
Па, шта да вам кажем? Годинава ми беше онака...посебно тапа во втората половина, па затоа едвај чекам во 12 да и’ ја треснам и заклучам вратата. Не дека во секундата нешто ќе се смени, но вечниот оптимист во мене смета дека непарните години секогаш ми се посреќни.
Иде големата 13ка (не, не, не Боки), демек баксузниот број кој е пак демек среќен за сите што сакаат да се издвојат од рајата ко посебни, а јас ви посакувам да ви е среќен на сите, да ви донесе пакетчиња, нова апокалипса за преживување, многу голи мажи и жени зацапани во светајучо уље, здравје, среќа, успеси на сите полиња (највеќе на минско), па и да ви исполни по некоја желба.
Што се тиче форумов, помалку мерете ташачиња и одете оф топик, а повеќе дискутирајте содржајно.
И да не го тупам до последно, останете ми убави, паметни и весели. Најубав помин вечер и внимавајте на себе и тие околу вас. Догодина пак ќе ве замарам.
Љуби вас,
Мрчотина. (hug)

*Slowly fades away with чочек за дочек playing in background...*
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Набрзинка се вклучив, бидејќи цел ден само некој лакирам, та позарување, та ова, та она.
Плоштадот денес ептен некако магичен ми беше, новогодишни песни, мали деца, маскиран дедо мраз, сите насмеани...

Најверојатно овој пост ми е последен за годинава, сакам на сите да ви честитам Нова година, ви посакувам многу здравје, среќа, радост, пари, успех, бидете секогаш весели и насмеани. :)

Среќна Нова! (party)
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Драги Црнобели

Од се’ срце ви посакувам успешна 2013 година исполнета со многу убави моменти проследени со љубов, среќа и успеси.

Но пред се’, ви посакувам добро здравје, подобро од изминатава година, кое ќе ви биде изворот на енергија за сите подеми кои ќе ги направите во иднава година.

Веселете се, и не заборавајте да останете насмеани, затоа што смеењето е половина здравје, а здравјето е живот.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА !!! (party)
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Другари и другарчиња, сакам само да ве поздравам и ви кажам едно нешто. Нема да ја тупам, ќе бидам кратка.
Ви посакувам во 2013 да сте сакани, да сакате, да бидете здрави и да бидете весели и насмеани.
Убаво да си поминете вечер.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ја нема ништо да ви посакам,пошто сум егоистичен дебил и сакам све за мене! >.<
Се шалам,све најубаво,од убајни да не куртулите,да сте живи и здрави,убао да си поминете кај и да одите,во новата 2013 година на женските да им пораснат поголеми дојки и газици,на машките подугачки влакна на грудите и испод пазува и све остало шо иде пропратно. Да ни е БЕРИЌЕТНА новава 2013-та.
АЈДЕ СВАЌЕ-АЌЕ-АЌЕ!
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
На сите ви посакувам вечерва најубав помин каде и да одите...во новата година ви посакувам се најдобро... здравје, среќа, МНОГУУУУ ЉУБОВ, успех и весели денови....

536214_424598957612247_2062518492_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.