Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!

Mногу ми се допадна текстов, па сакав да го споделам со вас. ;)
Имајте убав ден.
Ми се допага,да.
Претпоставувам дека скоро сите имаме вакви периоди во животот,или ете,признавам само за самата себе си.

Текстов можеше дури и да си повлече посебна тема и покрај тоа што скоро се е кажано во него.

А форум а фб исто му доага.

Некој е поактивен само на еден форум,некои се способни да можат да се активни насекаде по малку,некои дури и по многу,но без разлика,секој си го живее својот живот на начин на кој знае и умее или како што му налагаат понекогаш и условите.
Колку и да дискутираме низ темиве,во каква и да е дебата да навлегуваме тоа се само фискултури на мозокот,се до моментот додека не настапат намерните навредувања од кои на крај единствено навредени остануваат оние кои се потрудиле некого да навредат.Токму тоа не им дозволува никогаш душата да им се смири.
И овде веке може да произлезе нова тема....Што е тоа душа? ....и се така со ред :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Ми се допага,да.
Претпоставувам дека скоро сите имаме вакви периоди во животот,или ете,признавам само за самата себе си.

Текстов можеше дури и да си повлече посебна тема и покрај тоа што скоро се е кажано во него.

А форум а фб исто му доага.

Некој е поактивен само на еден форум,некои се способни да можат да се активни насекаде по малку,некои дури и по многу,но без разлика,секој си го живее својот живот на начин на кој знае и умее или како што му налагаат понекогаш и условите.
Колку и да дискутираме низ темиве,во каква и да е дебата да навлегуваме тоа се само фискултури на мозокот,се до моментот додека не настапат намерните навредувања од кои на крај единствено навредени остануваат оние кои се потрудиле некого да навредат.Токму тоа не им дозволува никогаш душата да им се смири.
И овде веке може да произлезе нова тема....Што е тоа душа? ....и се така со ред :D
Па може ако сакате да го преместите во посебна тема, и таму да дискутираме на оваа тема.
Добра ти е идејава. (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Се исфарбав кафена и ич не се бендисувам, ах ќе си плачам по мојата црвена коса. :place
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се исфарбав кафена и ич не се бендисувам, ах ќе си плачам по мојата црвена коса. :place
Секоја промена на почеток е не прифатлива,ако не се навикнеш нема зошто да ми плачеш,пак ке се префарбаш. (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and WomanInRed

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
СДК немој да мислиш дека ако ќутам ништо незнам чекам прав момент да ти плукнам се во лице! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Не мислев на ништо некултурно, туку баш на Македонија, а ако некој поинаку сфати тогаш е тоа до неговите сфаќања. Отсега ќе морам да се доискажувам за таквите.
Јас со ниту еден мој збор не спомнав дека не е нешто не културно. Ако виде некаде така да пишав - те молам укажи ми на грешката. Муабетот не е за различни сфаќања или не туку за развивање на неквалитетна дискусија. Цитатот (барем според мене) служи за да изјаснеш некој свој став во врска со напишаното, без разлика дали е спортивен или не, или пак да се продолжи дискусијата, а не за банални работи во стилот на печатни грешки. Напоменав, и пак ќе напоменам дека во контекст на целите дискусии станува збор. Не сакам да се сфати тоа дека се правам паметњакович, туку тоа е мојата општа констатација. Лично јас бев цитирана затоа и прокоментирав, се надевам дека не ме сфати погрешно дека имам нешто против тебе :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and МиГ 21

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Се восхитувам на културата што се рефлектира во последно време.
Ова е од тебе напишано, па сакав само да објаснам што мислев.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Се восхитувам на културата што се рефлектира во последно време.
Ова е од тебе напишано, па сакав само да објаснам што мислев.
Со сета почит, морав да те цитирам. Се однесуваше на препукувањата и општо на тролањата. Не ја гледам поврзаноста лично со тебе :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.