Ми се допага,да.На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!
Mногу ми се допадна текстов, па сакав да го споделам со вас.
Имајте убав ден.
Претпоставувам дека скоро сите имаме вакви периоди во животот,или ете,признавам само за самата себе си.
Текстов можеше дури и да си повлече посебна тема и покрај тоа што скоро се е кажано во него.
А форум а фб исто му доага.
Некој е поактивен само на еден форум,некои се способни да можат да се активни насекаде по малку,некои дури и по многу,но без разлика,секој си го живее својот живот на начин на кој знае и умее или како што му налагаат понекогаш и условите.
Колку и да дискутираме низ темиве,во каква и да е дебата да навлегуваме тоа се само фискултури на мозокот,се до моментот додека не настапат намерните навредувања од кои на крај единствено навредени остануваат оние кои се потрудиле некого да навредат.Токму тоа не им дозволува никогаш душата да им се смири.
И овде веке може да произлезе нова тема....Што е тоа душа? ....и се така со ред