Е зошто да се задоволуваме со големи залаци кога и оние малите можат да не заситат. Многу работи едноставни и прости, незабележливи можат да ми развлечат насмевка на лицето и да ми го направат денот подобар. Оние што ми се секојдневни или периодични.
Пример еурокрем кога црпам со лажица од тегла. Ма не мора да е Нутела(комерцијализација ту мач) и обичен еурокрем со верверичката е добредојде во кризи.
Првото утринско кафе за расонување и три коцки чоколада. За пушачите, утринската цигара со кафе или онаа после доручекот - прајслес.
Кога ти ја пуштаат омилената песна у дискотека. Ти се иде да вриштиш.
Или на радио кога е во етер.
Дождлив ден. Тамандисана за попладневна дремка или неколку глави од омилената книга.
Предењето на мачорот во твојот скут или прошетка со кучето низ парк.
Мирисот на бензин, вар, коректор или лепак.
Прегратка од некој што долго не си го видел.
Кога со некој ти оди муабетот како подмачкан.
Еј а она кога ке добиеш комплимент дека си се разубавел или во најмал случај си ослабел. (хехе)
После напорен ден дома кога ке се спружиш на кауч.
Долгите патувања навечер, особено ова ме потсеќа на одмор кога ќе одам.
Успат и првото брцнување во море/езеро.
Мирисот на нова книга. Мирис на какао, кафе или чај од ванила и јагода.
Чувството после бањање кога ти се иде да се бубнеш.
Луѓе што ти го памтат роденденот.
Топла постела во зимски утра.
Кога си погодил нечиј поклон.
Се смееш се додека не те здоболи стомак и не можеш да земеш здив.
Случајно наоѓаш пари во џеб.
Кога некој е горд на тебе. На она што ти си навистина, што си го направил.
Ги делиш чувтвата со некој. Даваш се од себе, а повеќекратно ти е возвратено.
Преспивања кај другарките. Топло чоколадо се нив, муабетење се додека не зазори и обилен доручек.
Кога ке се погоди зелено светло на семафорот.
Ладната страна на перницата, отсекогаш ми била омилена.
Масивен шопинг. А која женска не би ја уреќила некое парче облека или нови потпетици?!
Слободно место во автобус. Особено вторник и петок кога е невозможно да пристапиш до празно седиште.
Фактот дека си сакан.
Вредиш.
Се надеваш.
Успеваш.
Достигнуваш тоа што си зацртал.
Сакаш.
Умееш.
Разбираш.
Своите несовршености, кога ќе се склопат прават нешто од тебе. А малку треба да посегнеш со рака, да ја џапнеш среќата и да ја втиснеш во прегратка и несебично да ја споделиш.
Имајте убава вечер, полна со љубов!
