Градот е мал. Тука се прават такви работи. Седиме и разговараме за другите луѓе. Дознаваме што им се случува во животот, кажуваме што мислиме, расправаме за тоа дали другите имаат право или не, и им ги решаваме проблемите ако мораме, меѓу своите четири ѕида. Се разбира, никој не го признава тоа, но сите го правиме. Главно се живее така.