Моментално морам да се одјавам
За некој саат се враќам
Во меѓувреме, разгледајте си ги темите шо ги имате започнато и избришете ги доколку ја имате таа опција
Доколу немате таква опција, ќе ги избришам јас

Пријавете шо сметате дека е за во канта.
Ако и тоа неможете или ве мрзи, ќе се снајдам сама.
Веројатно ќе потрае ден-два, ама сѐ што не поттикнало квалитетна дискусија, макар бил и доолг вовед, ќе се најде во кантата
Се разбира, први на удар се превземени статии и копирани текстови.
Уште повеќе се разбира дека немам никаков проблем да бришам и теми кои јас сум ги започнала, доколку исполнуваат макар еден од горенаведените услови.
Фала и пријатно.
Имајте убав летен ден.

Е не,ке се заебаваме
Не е лошо и оние што можат да си ги избришат сами мислењата од типот..
-Убава трева има стадионов,
-ми се допага оваа кола,
-да,треба,
-се разбира,
-ке можеш?
-јас го сакам тито итн итн...
односно постови во теми во кои одреден член не ни учестввувал а ке улета само со по едн збор(пост) или навидум прашање,кое никој ни му го приметува ниту е во склоп на темата,ама колку да се рече дека прокоментирал.
се ми е јасно,само не ми е јасно зарем не приметува дека на тој начин не потикнува дискусија,ако тоа го прави со таа цел.
демек два збора биле доволни да се кажат и тиа кажувале се...односно тоа значело....Јас сум краток и јасен....

мало морген,краток и гнасен може,исто краток и под наводници опасен исто може,краток и досаден исто така може(како што и јас сум досадна ама јас си признавам

) и не изигравам опасна

е ако некој се плаши од вистината и фактите,тогаш богами мора да биде краток,без разлика дали ке е јасен или не јасен.
Јас дека опседната со форумов немајки приватен живот,како да заприметувам пак еден вид бојкот од одредени членови,кој се разбира значи само затишје пред бура.(нема да го гледаме за прв пат тој филм,а нема да биде ни последен)некогаш ке е со исти глумци,некогаш ке се сменат и што би рекол еден многу јасен член,итн итн итн

ништо не ми е чудно од се што се случува на форумов(велам форумов а највееројатно е секаде исто и значи форумиве)се што се случува е исто како и во реалниот живот.Еве еден пример..
Во приватниот живот никој демек за ништо не се замара,си го гледа само својот живот и наводно не ја приметува околината,а уствари,уште чаша да намести на зидот за да го прислушкува комшијата,наместо да си ја работи својата работна обврска повеке време губи гледајки дали и колку работи неговиот колега..
Така и овде на форумов(форумите)
Сите се овде за забава,не бараат дечковци,девојки,не се замара никој за ништо а уствари,фрчат удварања и пољупци,сеири и навреди,напади и одбрани,селектори и детектори итн итн итн(што би рекол дотичниот јасен)

Форумот е дел од вашиот живот,на некој помал на некој поголем.Сакате прифатете го тоа сакате не го прифакајте.
Сите се изјаснуваат дека се исти во реалноста и овде на форумов,односно дека се искрени на форумов(има таква тема дури нели?) а после се декларираат како луге дојдени само за забава и само за забава и ништо друго.
А што е битно кој и зошто е овде,зошто потенцирање цело време на истото кога се е апла јасно.

Кој за што си сака нека биде овде,нека си го користи времето овде како што сака и умее,тоа си е лично негова работа.Па дури ако сака нека си го билда и егото овде,па дури и нека навредува,тоа си е негова одлика,тој е наводно искрен и истиот тој од реалниот живот.
Да,форумот е виртуелен свет,сите се овде појаки,овде се е полесно,во ралниот живот теба време и пари да организираш да речеме една забава,овде тоа не е потребно,неколку сликички,две три песни од јутуб и забавата почнува.
Но секој збор,секоја реакција,секој пост сме ние тие истите...нашиот карактер овде и вон виртуелниот свет е ист.
Некој помалку трпелив,некој повеке,некој покреативен,некој порадознал,некој по откачен,некој поповлечен....тоа сме ние истите драги форумски пријателчиња.
Се извинувам за долгиот пост,кој сам од себе произлезе да е таков,а седнав само да ја исцитирам лејдито и да и одадам респект за она што по којзнае кој пат само таа го презема за своја одговорност и обврска.Толку толерантна и добронамерна,но не дека секој ке ја разбере.А најповеке од се секоја чест за нејзината трпеливост и смелост и за своја самокритика.
Да се извинам и на оние кои ке се препознаат ако го прочитат рециталов безпотребен,не е напишан со цел да се нападне некој конкретно,туку една општа слика за мое видување на форумов(форумите).
Да продолжиме со дружењето и забавувањето,односно со се она за кое е овде секој од нас.
Пријатен ден.
