Здрааво мили мои!
Се надевам дека не сте заборавиле на мене

, знам дека сум за карање и дека ме нема долго време, но не е намерно!
Животов ми приреди многу "изненадувања", па безмилосно ме остави пред раскрсница, своеволно да го изберам патот што ќе го чекорам во иднина.
Животот е таков, многу непредвидлив. Некогаш мора да донесуваме и тешки одлуки. Некогаш ќе поминат и денови па нема да знаеме ни од каде да почнеме. Некогаш ќе се чувствуваме притеснето па ќе одлучиме наеднаш.. И ќе згрешиме. Ама живот е тоа, а сите ние сме луѓе со сопствени желби и сопствени цели и се бориме на свој и единствен начин да дојдеме до оние недопрени брегови.
И никој никогаш не би можел да те осудува за тоа како ти се чувствуваш и дали правилно се бориш и дали правилно одлучуваш. Се е небитно додека ти се бориш и додека и покрај стравот продолжуваш да одлучуваш. Некогаш е доволно и само нечие присуство за да го тргнеш стравот од себе и за да повторно го фатиш кормилото. Некогаш ти треба збор, некогаш тишина, некогаш ти треба рака, некогаш си доволен и сам на себе.
Некогаш е вака, а некогаш е поинаку.
Секој со својот начин.
Секој со својата борба.
Секој со својот страв.
Ама сите со иста цел...
Сите ги сакаме нашите соништа. И сите ги шириме нашите прегратки за да ги прегрнеме и никогаш повеќе да не ги пуштиме. И некогаш ги наоѓаме во нечии очи, а некогаш ги наоѓаме и во нечии насмевки, ги наоѓаме под ова небо. Ги наоѓаме во мали и големи нешта. Некогаш се мали, некогаш се можеби апсурдни, некогаш се големи ама сите тие се наши соништа... Тие се доказ дека стравот во нас опстои. А стравот пак е доказ за нивната значајност , за нивната потреба.
И затоа плаши се кога ќе се плашиш, и не вели дека се е добро ако не е. Стравот е доказ дека нештото силно го сакаш.
Оди по него !
Оди по своите соништа! Можеби по пат ќе ги изгубиш во една форма, ама ќе ги добиеш во друга. Не застанувај тука.
Сонцето повторно се раѓа наредниот ден, а впрочем никогаш не е исто.
И твоите соништа добиваат секакви бои.
Следи ги !
Мали или големи...
Во нечии очи и нечии насмевки...
Во нечии прегратки...
Под ова небо и над него...
Во една или друга форма...
Следи ги!
За нив живееш.
За нив постоиш.
Ве поздравувам сите кои сте активни и оние помалку активните како мене.
Се надевам дека внесов мала количина на позитивност кај вас.
Се што сакам е никогаш, ама никогаш да не се откажувате! Затоа што сте многу посилни отколку што мислите!!!...
*И да не заборавам, никогаш не заборавајте да пружите некому насмевка, прегратка и малку љубов!
Бесплатни се....