СДК бев во паркот, „видов“ музика, „слушнав“ слика, не зедов книга, но не ми е ни толку важно тоа!
Важното е што филхармонијата прекрасно и професионално си ја заврши работата, им „вдахна“ нов живот на некои и онака вечни песни. А и самиот избор не можеше да биде подобар, песни како Енџи, Лејла, Бохемиан рапсоди, Трилер одекнуваа во моите, и во ушите на секој кој вечерва издвои време да ужива во овој настан; ако некој се кае, веднаш кај мене на информативен разговор!
Камо да има што е можно повеќе настани од ваков карактер, на сите до еден ќе присуствувам.
Феноменално, секоја им чест!
ПС. И да, нема поубава „музика“ за ушите од тоа да слушаш човек со мајчин јазик англиски како ја плени публиката со толку стар, а толку прекрасен, неповторлив јазик! Си ја сакам струката, не би ја менувал за ништо на светот!