Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Сакам да си кажам добре дојдов на форумот . :)

What goes up, must go down. :kafeФакт.
Како и да е, си имам две десетки и слобода на умот денес. Пијам чај од липа со мед и цимет и имам подочници до земјата.
Исцедена сум како лимон за стар дедо, ама утре е ден за спиење.

Друго нешто, надвор мириса на сеќавања. Колку само е тоа болно. И тажно.
Овој пмс ќе ме докрајчи. :eek: :stomp
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
From the diary of the saracen knight...
Прв ден а веќе мислам дека тука ги познавам неколкутемина. Интересно дружељубиво мало место. Му посакувам да биде истото место со тоа што своите граници да ги рашири во неколку 100 илјади членови. Позитивна енергија, брат...
And so it was...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and Selma

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Сакам да кажам дека нема да сум активна на форумов, може една недела ќе ме нема поздрав до сите (hug)
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Значи ако денот по утрото се познава, тогаш мојот се препознал. Утрово на правив кафе и додека го пиев морав да се погледнам во внатрешното огледало.

Како и да е, денес е ден за чистење на фиоките, ослободување простор за нови книги, уживање во малите нешта. Денес е ден за заборавени ситници! :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Да врескам, да ги испразнам сите монструозни нечистотии кои глодаат по моите нерви...
Упорно се обидувам да го задржам воздухот, пред да се претвори во оган и да зажежи нечии трепавици, ама не бива.

Како да замолчиш пред суптилните обиди на некој двоножен дебил да те гледа и да те влече на негово рамниште.
Ц`к..нејќум!
Ми се коси со замислите за реанимација на суштинските промени за генералка од будалаштини.
Светот го отруја! Пу јазк!
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Сакам да кажам дека ми е тапа. Ептен. Да неможам да се видам со девојката да сиби векот. Има време, знам дека има ама .. ај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Ај и јас да прашам нешто:)
Што е финтава со ова следењево?? Ако изберам некој да следам ќе ми покажува што пишувал, кај пишувал??? Или грешно сум разбрала??
Тоа е нешто слично како News Feed-от на Фејсбук.

Значи кога ќе отидеш на твојот профил на форумот, и лево ќе одбереш „Ваши Новости“ (News Feed), ќе ти ги прикаже сите активности на членовите кои ги следиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and Lily
Статус
Затворена за нови мислења.