Сабајле, 11 часот.
Патувам во автобус накај центар.
Сите места во автобусот се зафатени,освен едно до мене.
На пола пат се качува мајка со дете,8-9 годишно.
Му наредува да седне до мене да и го чува местото додека она извади карта.
Дете ко дете, оваа отиде напред,тоа позади ,мерак му е позади да стои.
Тоа стана,друга жена седна.
Доаѓа мајката и поцрвенува од нервоза кога гледа дека детето не и го чува местото.
Го вика да дојде од позади дерејќи се најсилно што може и го удира со голем замав по вратот и главата.
Детево се свитка и почна тивко да плаче(претпоставувам не смее на глас,ќе добие уште некоја шлаканица).
Се симнаа на истата автобуска кај што се симнав и јас.Детево се симна и избега 10 метри подалеку од неа.
Повторно имаше дерење и урлање по него.Кога се сврте детето видов дека има рана над едното око и му беше помодрено(веројатно од претходно малтретирање)
Целото беше црвено и исцрпено од плачење....Зошто? Зошто госпоѓата стоела 20тина минути додека патувала накај град.
Каде и е совеста на таа жена се запрашав? Има ли потреба од такво малтретирање за таква небитна работа?Зошто нешто што самата го створила сака да пати,да чуствува болка,да го уништи??
Ми идеше да и се завртам јас на неа со шамари па да види дали е убаво тоа што го прави!