Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Затоа што сум уште нова на форумов и не сум се снашла, па не знам како да си го редактирам мислењето, ќе напишам ново, ако е проблем модераторот нека ги спои. И ако може некој да ми покаже како одат тие работи, ќе му бидам благодарна многу:)

Што се однесува до мислењето, верувај дека тие таквите не се ретки.
На тие личности можам цел психолошки профил да им го направам. Таа жена сигурно има некои фрустрации, од кои комбинаториката кажува дека има проблеми со сопругот, или има проблем со неговото семејство, или е невработена или има шеф кој си игра пинг понг со нејзините нерви. Од немоќност, од што нема каде, таа фрустрациите си ги искажува на детето кое не е ни криво ни должно. Доколку и дофрлиш нешто таа нема да се засрами, само ќе го удри уште посилно и ќе го посрамоти уште повеќе. Нив центарот во мозкот одговорен за рационално размислување не им работи. Единствен лек е таа да се пријави, да се направи што се може детето да се оддалечи од неа, да престане да служи како боксерска вреќа. Затоа што причина да го тепа секогаш ќе има, независно дали не го фатило местото, дали не си дошло дома во време кога требало, заборавило да донесе нешто од маркет... Тоа дете секогаш ќе си има психички проблеми, ќе се затвори и нема да пушта непознати луѓе во животот.

Малку и замерувам на Македонија што нема развиено добра програма за деца кои се жртви на семејно насилство. Кога тоа би било развиено, на многу деца би им била посветла иднината. Може наместо споменици да се градат да се инвестира во нешто такво (не ми е целта да разложувам политики тука, затоа што сум аполитичар и тоа го мразам), но сепак... Кога ќе видете ваков случај распрашајте се каде можете да пријавите.

Затоа што детето не е криво за постапките на родителите.
Затоа што детето не заслужува да расте со ќотек. Затоа што детето не е издувен вентил и затоа што заслужува грижа се до 18тата година законски, а морално цел живот. Доколку се сполотат повеќе луѓе и се заангажираат за ова многу помалку солзи ќе бидат пролеани.

Just an idea...
Се согласувам во потполност со мислењево.
Добредојде на форумов,се надевам ќе придонесеш со квалитетни а и забавни мислења :)
За било каква помош слободно обрати се кај мене или некој друг од модераторите.
(wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Mila Kunis една идеја и од мене во врска со тоа со детето. Не само за тебе, за сите. Снимајте и снимката во некоја телевизија да се однесе. Па на крај краева нека им ги земаат децата ако ги користат само за лечење фрустрации.

Еве еден случај на таква особа, не заслужува мајка да се нарече. Очи ми потекоа од плачење првиот пат ко го гледав ова. И да предупредам: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
сдк многу е јака фацатаа..срцка
521335_10150949296854486_788520867_n.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Сакам да кажам дека сум могу француски расположена вечерва (inlove):ninja Јухууууууууууу

Хеј хеј хеј...Како сте ми вечерва форумџии :)
многу расположениииии ...јухуууу Ти како си ни Бумче?:ninja:*
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Аммм...Што така расположении..хехехе...
Паа и јас суум суперр (party) Интересно :)

:*
Па подобро е да бидеш добро расположен отколку спротивно! Како и скоро секој ден ....избрав да бидам добро расположена :ninja Јухуууу:*(hug)(party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќеф ми е коа глеам дека сеуште постојат сонувачи. Расположението ми е на солидна 90ка.
Makes me just to reincarnate from the dead.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Bum-Bum

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Mila Kunis една идеја и од мене во врска со тоа со детето. Не само за тебе, за сите. Снимајте и снимката во некоја телевизија да се однесе. Па на крај краева нека им ги земаат децата ако ги користат само за лечење фрустрации.

Еве еден случај на таква особа, не заслужува мајка да се нарече. Очи ми потекоа од плачење првиот пат ко го гледав ова. И да предупредам: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!

леле лелееееееееееееееее какво е ова изживување бе :frantic:frantic па ја не под ладен туш,на електрична столица би ја седнала оваа животињава бе :x Греотка детенцето ццц.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.