На маса во дневна најдов полуиспиено кафе, оставено како сираче и решив да го посвојам.
Го пијам, пцуејќи го времево.
Дожд - меланхонија, дел по дел, капка по капка ми ја исполнува душата. Имам забавени душевни функции кога ќе се погледнам во огледало. Епе ј***ш га кога во 5 и 48 изгледам како фосил, со надеж дека сонот набрзо ќе настапи, во кој јас ревносно со залање за длабоко рчење, ентузијастички ќе легнам на перница и ќе прекине тропањето на срцево во слепоочници.
Абе за се е криво кафето. Добро, можеби и двете кутии цигари.
Последните два дена имам мисија да направам добар човек од мене. Да прекинам со конзумација на кафе и цигари кога почнав почесто да ги користам од кислород.
Фриволна сум за промени од корен, за поставување поголеми цели, ама не оди. Можеби затоа што сум исполнета и среќна и сметам дека секој нареден чекор ќе ми се посреќи. Дека среќата нема да ме изневери и да ме остави порано или подоцна на цедило, во некој сив простор на скудноста, со лелеци за минус 300 гр.
И оној дебелион ме теши со жнеење на успеси, како порачка на капричиоза. Мито бе, мито.