Каков почеток на денов...
Се изнасонував глупости, уште ме мава ПМС, и таква видно потресена одам да си купам тон благо за да си ја давам монотонијава во себе. Си ги здогледав омилените чоколадни топчиња, останало само едно пакетче, одам накај нив, пружам рака и во тој момент едно малечко, 5-6 годинки дали имаше, излетува и ми ги зема пред нос. Застана, се збуни, се вцрве и ми ги подава онака срамежливо. А, го гледам сонце, стегнало во рачињата 20ина денари и упорно ме гледа. Епа тоа ми фалеше на ПМС-ов, уште што не рикнав да цмиздрам пред него.
Душичка мала, камен по глава ме удри од таа несебиност.
Срце ќе немав бре ако му ги земев. Му купи дада една Милка затоа што бил добар.
Абе, уф...не знам. Не знам кој го пратил само во продавница, ама им благодарам. Мејд мај деј.