Не бе, не можам да заспијам од мисли.
Дури некој живее од денеска за утре, јас се грижам за светлосни години нанапред.
И низ сите работи можам да пројдам, освен една - изборот на прав партнер, каква и да е дефиницијата за тоа...
Е, што ако никогаш не го сретнам? Што ако сум го сретнала, ама од низа причини не сме заедно?
Ќе работам работа која не ја сакам толку, битно нека носи средства за живот.
Ќе се соочувам со секакви шупци надвор, не е проблем.
Ама, кого ќе имам дома? Тоа е прашањето. Само тука не сакам да направам погрешен избор.
Не сакам секој ден да се будам покрај некој прашувајќи се: Што би било кога Х би бил на ова место? Како би реагирал? Поубаво ли би било? И што ако Х се прашува истото, но ништо не се менува оти е веќе доцна?
Познаничка забремени и се омажи од чист инает. Само себеси се инаетеше, јасно. Сега е во тешки депресии.
Друга си фати џаде на запад за папири, па сега ко деца се расправаат јавно на рандом фејсбук статуси.
Е, јас не сакам така да завршам!
Ај да си легнам. Многу филозофија на неспиено, не е на арно.