Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Со сета почит Лејди, но во тој случај собиранките ќе останат во оној тесен круг на 9-10 луѓе што досега се појавиле, и нема да има простор за понатамошно ширење на познанства и пријателства, бидејќи приватните пораки ги читаат само личностите за кои се наменети, а не и некои други што, можеби ете, сакаат да прочитаат информации и да дојдат. Впрочем, тоа е и поентата на собиранките, да се запознаваме луѓе од форумот, а не како „клан“ од 9-10 луѓе да се дружи и знае меѓусебе, а останатите ништо.
Најдете некое чаре за да не се полни темата со оф-топици, бришете постови, но јас замолувам темата да постои како тема. :)
јасна ми е идејата на темата
но очигледно дека истата не функционира
melpomena е остра на јазик, но има поента
сите размислете добро зошто од тема за договарање на собиранки (што е позитивна работа) премина во тема за фаќање кусури и солење памет (што е негативна работа)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
јасна ми е идејата на темата
но очигледно дека истата не функционира
melpomena е остра на јазик, но има поента
сите размислете добро зошто од тема за договарање на собиранки (што е позитивна работа) премина во тема за фаќање кусури и солење памет (што е негативна работа)

Верувам дека ќе размислат тие што ќе се најдат засегнати, како што уште повеќе верувам дека таквите инциденти ќе се искоренат. :)
И уште еднаш, како корисник кој не фаќал кусур, ниту солел памет, ќе замолам темата во најбрз можен рок да биде вратена. Јас лично (a верувам и други) од неа „профитирав“ со тоа што запознав неколку прекрасни луѓе. :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
јасна ми е идејата на темата
но очигледно дека истата не функционира
melpomena е остра на јазик, но има поента
сите размислете добро зошто од тема за договарање на собиранки (што е позитивна работа) премина во тема за фаќање кусури и солење памет (што е негативна работа)
Ке функционира,ете јас ветувам :sram
Нека се толерираат тугите офф топици,нема да се мешам,само оставете ја.
И да ме посочуваат со тагови,или индиректно или кој како милува,нема да влезам на темата,а лесен е начинот да се сретнам со оние со кои ке сакам,ете ни за он топик нема да ја користам.(worried)
Тие што сакаа и можеа сфатија што сакам да кажам,останатите нека осудуваат не ми смета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Со сета почит Лејди, но во тој случај собиранките ќе останат во оној тесен круг на 9-10 луѓе што досега се појавиле, и нема да има простор за понатамошно ширење на познанства и пријателства, бидејќи приватните пораки ги читаат само личностите за кои се наменети, а не и некои други што, можеби ете, сакаат да прочитаат информации и да дојдат. Впрочем, тоа е и поентата на собиранките, да се запознаваме луѓе од форумот, а не како „клан“ 9-10 луѓе да се дружат и знаат меѓусебе, а останатите ништо.
Најдете некое чаре за да не се полни темата со оф-топици, бришете постови, но јас замолувам темата да си постои како посебна. :)
па и да сака некој да дојде со односот на некои членови ,ќе му се одсака идењето...плус очигледно дека темава е само за тие неколку луѓе кои се собираат па можат слободно да се договараат преку пп како што кажа Лејди плаво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас се извинувам што малку остро настапив, можеби требаше да бидам пообјективен, но има некои работи кои ме наведоа да одговорам да не речам „незрело“. А тоа е дека некој тука (нема да посочам точно кој но ќе се пронајде) полн со предрасуди почнува да етикетира јавно. Сепак таквите треба тогаш да бидат спремни на етикетирање, во краен случај да прифатат толку колку што можат да омаловажуваат. Јас не застанувам под никаков клан, под ничие знаме не се борам, едноставно имам луѓе со кои делам слични и различни ставови. Но нешто што не поднесувам воопшто е етикетирањето уште во старт. Затоа што сите добро знаеме колку е мал форумов и колку може да делуваат оние мали муабети врз репутацијата што секој член тука пробува да си ја изгради со сопствена пот.
Околу темата нека остане, нека се договараат излегувања, немам ништо против тоа, но истотака нека биде за оние кои присуствуваат или имаат желба да бидат присутни на собиранки. А не оние кои (после повеќе покани) уште од старт имаат заклучено дека не сакаат да присуствуваат а потоа глумат заинтересираност. Тоа е веќе дегутантно и сметам не треба да се удостојат со билокаков одговор во врска со поминот.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
:rolleyes: Колку осудувања и заклучоци без основа има само во извинувањето.
Само ова ке го посочам,колку само беше истомисленик со некои кои не присуствуваат на собиранките пред да одиш на собиранка.Од тогаш се се смени.
Ако некој е директен не значи дека омаловажува и осудува,напротив,искажува свое мислење без да оговара,а наместо да биде посочен индиректно најди начин и издемантирај го ако не е во право наместо да се врти во круг истиот муабет.
А околу репутацијата,репутација?
Зарем некој овде седи да гради репутација?
Оффф не знаев....јас барем не ни помислив на такво нешто да го градам,едноставно сум она што сум јас,без да пазам дали ми расте репутација или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Штета што тие мислења заедно со неколку други отидоа во неповрат - беа избиришани (откако беа прочитани од повеќе членови). Но нејсе. Искрено директност е едно додека начин да омаловажиш некој е сосема друго. Отсега да си го активирам Print screen копчето баш за вакви ситуации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас сум најмногу за,да се вратат тие мислења.
Е да,не секој и не секогаш исто ги толкува работите.
Затоа треба понекогаш да се запази каде се произнесуваат двосмислени ставови, термини со осуда но не и за одредени членови. Директноста некогаш боли погрешно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Затоа треба понекогаш да се запази каде се произнесуваат двосмислени ставови, термини со осуда но не и за одредени членови. Директноста некогаш боли погрешно.
За двосмисленоста не се согласувам а дека некогаш треба да се припази за директноста имам во обзир,низ самиот потпис го кажувам тоа Саладине со секој мој пост.
Но верувај(барем од мој аспект)доста долго време чекав дур го произнесам тоа што го произнесов,за жал криво ми е што покрај сувото и зеленото испадна дека изгоре,но да се вратам пак назад,признавам,пак истото ке го напишев...имав причина.
Ете и еден совет од мене,а верувај ке го подразмислам и јас твојот,следен пат ако двосмислено некаде се пронајдеш во мој пост,за другите не ме интересира,прво прашај па после одлучи сам дали сум ставила некого во некој кош и ако сум,зошто?
Ајде да не ја затвориме и оваа тема.:)
Пријатен ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.