Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Гледавме филм на факс...да знаев ке си земев пуканки...
Леееееееееј,кога ке си дојде мајка ми ке и изградам споменик.
Па како го погодила да ми го испрати омилениот италјански крем...
Со чај од јаболка и цимет мх мх :p
И така,се мислам да легнам и да спијам...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Се почувствував многу јако во моментот кога земав мастика цигара и го издував надвор прашокот од хартијата :rofl
И се смеев триста саати какво дете сум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeker

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Нокеска сонував чуден сон... не беше кошмар, но кога се разбудив бев некако преплашена. Сабајле на кафе ми дојде една пријателка со која долго време се немавме видено. Еве мал дел од дијалогот кој го водевме :
ТАА - Што ти е, некако не ми изгледаш добро, болна да не си?
ЈАС- Добра сум, него сонував нешто ноќеска и малку безврска ми е од сабајле...
ТАА- Што сонуваше? Дај кажи, ке ти протолкувам, па можеби ке ти помогнам...
ЈАС- ма не верувам во тие работи...
ТАА- Абе јас ти кажувам, не зборам на памет... дај кажи ми... ке ти протолкувам...
ЈАС - во ред (и онака незнаев што муабет да и правам)
ЈАс- сонував како разговарам со старец... ми изнакажа многу работи кои ме погодија. На почетокот мислев дека е некој магионичар, на таков личеше. а на крајот кога стана забележав дека носи наметка на која имаше исцртано натална карта, ама симболите и линиите постојано се менуваа...
ТАА - Ауууууууу... па ти си го сонувала Мерлин (од легената за крал Артур) ама да ти кажам право ова твоето не е обичен сон, си патувала астрално и кај Мерлин си отишла... тоа значи дека во себе носиш светлина, јас ти препорачувам да си отидеш кај Тино, тој ке ти помогне, тебе помош ти треба...
ЈАС- wtf:eek(facepalm)
TAA- Озбилно, колку сакаш чуди се, ама така е...

Во наредните триесеттина минути дознав дека девојката е една од светулките на Костантин Кајшаров. Оди со него на семинари, ја повикуваат божјата светлина со молитва и ја прочистуваат човековата свест.
Дознав и дека многумина од лугето кои одат кај Константин го сонувале истиот сон што го сонував и јас ноќва и дека за нив воопшто не било чудно да се сонува Мерлин... според нив тоа имало огромно значење...

Во моментов не знам дали да се смеам или да плачам!

Последниот пат кога ја видов беше девојка на место, паметна, забавна, зборлива... сега... ми зборува за молитви, за божја светлина, за волшебници, духови, вампири, ангели...
Не ми е чудно што денеска постојат самопрогласени светци. Не ми е чудно тоа што Тино на овој начин се прослави, кога виде дека неможе да успее како естраден уметник. Не ми е чудно што ги лаже лугето за да се збогати, ама чудно ми е како еден млад човек може толку слепо да му верува. Што им е на лугево? Јас разбирам дека на сите нас ни е смачено од секојдневието, ама до толку да се забега...
Мерлин бе(facepalm)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Поубав почеток академскава година не можеше да има. Да ве праша проф. исто прашање тебе и најголемата бубалица во групата, ти да одговориш точно, а тој не. Не знам кое од двеве ме изненади повеќе, ама, богами, интересно беше. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and WomanInRed

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сакам да кажам,бев прозвана па ми е непријатно да не одговорам,откако ке си прочита Саладин слободно избришете.
melpomena очигледно премногу битен детал ти е како ние си поминуваме на собиранките, нели?
Темава нека остане само за договарање или произнесување на детали по желба од оние кои дошле на собиранката.
Точно е дека не се офтопик мислењата (сепак се работи за собиранката нели). Но иритира фактот кога некого повикуваш да дојде а тој/таа се прави дека не го/ја занимаат собиранките за да подоцна истиот/истата прокламира еден вид на интерес за истите. Мислам, со сета почит ама ако не идете и/или немате желба за присуство воопшто онда не прашувајте како поминала собиранката. Вака се закопувате во сопствената контрадикторност.
Како ке кажеш саладин ти,така нека биде.
Синока пропушти да се фатиш на празно на мое мислење после собиранката,дури си помислив дека можеби и не си бил или пак овој пат ако пак се фатеше ке беше и повеке од апла :)
ајде бре,ко малите деца сте,дури навистина искрено ме изненадивте неколкумина,но ако ке помине и овој таканаречен пубертет.
не сакам никого ни да обвинувам ни да осудувам.времето ке си покаже само Се.
ке те послушам и нема да се појавувам на темава како и претходниот пат.
но кога ке видам како одредени офф топици на одредени членови уште стојат,ке се појавам пак со истиот текст колку да модераторот се уклучи да го избрише дури тогаш и офф топиците на другите и моето :)
поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Сакам да Ве замолам во иднина собиранките договарајте ги преку ПП.

Со сета почит Лејди, но во тој случај собиранките ќе останат во оној тесен круг на 9-10 луѓе што досега се појавиле, и нема да има простор за понатамошно ширење на познанства и пријателства, бидејќи приватните пораки ги читаат само личностите за кои се наменети, а не и некои други што, можеби ете, сакаат да прочитаат информации и да дојдат. Впрочем, тоа е и поентата на собиранките, да се запознаваме луѓе од форумот, а не како „клан“ 9-10 луѓе да се дружат и знаат меѓусебе, а останатите ништо.
Најдете некое чаре за да не се полни темата со оф-топици, бришете постови, но јас замолувам темата да си постои како посебна. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.