Денес на пат од Битола до Скопје запознав еден дост интересн човек. Амриканец ама не од овие нашите туку оргинал Американец од државата Ајдахо. Па кога сме разврзале муабети цели 3 и пол саати. Од тоа како му се допаѓа македонија а посебно Битола за која рече дека најмногу му се допаднало тоа што живото е мирен, си тече лабаво, м усе допаднал многу градот зашто се било задржано онака како што било
изградено. Потоа стигнавме со муабетот идо Скопје со сите тие споменици за кои рече , цитирам: Воопшто не ми се допадна Скопје, премногу зафатен град и бучен, сите се брзаат некаде, не би можел да живеам јас во таков град. И сите тие споменици се некако пренатрупани и воопшто не ми се допаѓаат. имате вие среќа што во Битола немате толку споменици зато и ми се допаѓа Битола. Значи ова се зборови на турист а не мои. После со муабетот продолживме за образованието тукаи таму, за изборите што следат во САД каде се согласивме дека Рон Пол беше чоеко шо требаше да биди кандидат на републиканците и рече дека Рон Пол уживал голема подршка меѓу американскиот народ но медумите го уништиле зашто не им одговарало на богатите тој да стани претседател. Па муабети ова она либерализација и капитализам и такви срања, војните во Ирак и авганистан и каде што и сам рече дека : американците се на многу места каде што не треба да бидат и дека ако сакаш да ја видиш вистинската западна демократија гледај кај се парите. Го спомнавме и Џорџ карлин и муабети нешто окулу состојбата во економијата во САД и Македонија, национализмот на балканот и проблемот кој македонија го има со Грците. Се на се 3 и пол часовен преубав муабет. пријателе сега каде и да си фалати што направи патувањето да ми помини полесно и побрзо. штета што и двајцата се брзавме инаку ке одевме некаде на пиво....П.С. муабето беше комплетно на англиски што ме изненади и мене лично колку добро ми одел англискиот ..