Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не е до имањето/немањето раја. Делумно е, можеби ради трансформирањето од една во друга платформа - форум v.s. Фејсбук/твитер, но и тука се сопнуваме во поим. Некој погоре пиша за мирцот, некој помлад ќе пише за златното доба на форумот, утре некој за твитер/фејсбук. Се` се сведува на еден вид копнеење на некое старо време, но во принцип и да се врати истото, нема да го има истиот шмек. Тогаш на што се сведува овој „проблем“ кој се повторува со генерации и генерации наназад?
Во несвесноста дека сме созреале за одредена платформа да ја употребуваме исто онолку колку ни е потребна. Доаѓаме во периоди во животот кога се заситуваме, а сепак нашата свесност е далеку од тоа да ја признае реалноста, и затоа гаиме одредена надеж, со поткрепа на сентимент за старите добри времиња. А животот не само што го изменил својот тек, туку и вреска одвнатре, ни удира неколку воспитни за да се разбудиме и го зауздаме. Оттаму и нашето внатрешно незадоволство. Бидејќи 100 пати повторена омилена грамофонска плоча, можеби звучи секогаш различно, но на крај треба да ја ставиме на заборавот да си го стори своето.
Со тек на многу време и за жал несвесно почнуваме да го менуваме компасот. Тоа е тој процес на созревање. Ништа мање, ништа више.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Овој форум ми се чини пропадна поради два типа ликови кои (може ке згрешам, ама ке кажам) мислам дека админите намерно ги оставаат да ,,прават гужва,, а всушност се добива спротивен ефект. Едните се оние кои пишуваат буквално на секоја тема, а најчесто на ниту една немаат свое мислење. Прекратките постови не се толкав проблем ко содржината која најчесто е препукување без некаква цел, без некоја поента, без поука и аргументи и често е исклучиво на лична основа. Другиот тип луѓе се пазачи затсриени во сенка, не пишуваат, ама пратат и потоа малтретираат луѓе во пораки, неретко се мешаат во приватен живот, па дури ја загрозуваат и безбедноста на членовите на форумот. Ваквите психопати не се возбудуваат многу на фб или други социјални мрежи каде што сме со име презиме и други податоци, бидејки се уфилмани и сакаат да ,,истражуваат,, да копаат по нечиј живот, па и да прераскажуваат, да подлажнуваат и така натаму. Мислам дека не само што е добро, туку дека и обврска е на админите да се позанимаваат со ваквите и да ги испратат од тука, бидејки не само што е лошо по форумот, туку не е добро ниту пак е фер спрема членовите кои се тука да разменат искуства, знаење, мислење и способни се да остварат пријатна и нормална дружба.
 
Јас имам кратко прашање околу ова: Како би „отстранила“ некој член кој ете има агенда:
1. со кратки провокации да се кара по темите
2. Да демне во сенка и потоа да малтретира по пораки
 
kacikakacika

Нов член
23 август 2018
1
0
1
24
Дали има некој, или знаете некој што живее, студира, работи во Љубљана? ве молам контактирајте ме
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не е до имањето/немањето раја. Делумно е, можеби ради трансформирањето од една во друга платформа - форум v.s. Фејсбук/твитер, но и тука се сопнуваме во поим. Некој погоре пиша за мирцот, некој помлад ќе пише за златното доба на форумот, утре некој за твитер/фејсбук. Се` се сведува на еден вид копнеење на некое старо време, но во принцип и да се врати истото, нема да го има истиот шмек. Тогаш на што се сведува овој „проблем“ кој се повторува со генерации и генерации наназад?
Во несвесноста дека сме созреале за одредена платформа да ја употребуваме исто онолку колку ни е потребна. Доаѓаме во периоди во животот кога се заситуваме, а сепак нашата свесност е далеку од тоа да ја признае реалноста, и затоа гаиме одредена надеж, со поткрепа на сентимент за старите добри времиња. А животот не само што го изменил својот тек, туку и вреска одвнатре, ни удира неколку воспитни за да се разбудиме и го зауздаме. Оттаму и нашето внатрешно незадоволство. Бидејќи 100 пати повторена омилена грамофонска плоча, можеби звучи секогаш различно, но на крај треба да ја ставиме на заборавот да си го стори своето.
Со тек на многу време и за жал несвесно почнуваме да го менуваме компасот. Тоа е тој процес на созревање. Ништа мање, ништа више.

Немаме пример од минатото за ова, ние сме први генерации кои имаат пристап кон виртуелни платформи, порано биле весници и списанија и раја која пишувала писма на уредници :pusi
Е тоа со заситувањето е веќе друг проблем на ова време каде што све набрзина здосасува на луѓето, мора да е инстант, на два клика инаку фирст ворлд проблемс.

Проблемот на форумите како платформи се што не можат да држат чекор со имбецилноста на мнозинството корисници на социјалните мрежи, пример Твитер ги ограничува корисниците на 140 букви, колку човек треба да има ниско самопоштовање за да учествува во такво нешто, пази не 140 реченици или зборови него букви! Ти ја ограничува мислата, те тера да мислиш со кратеници, емотикони и емоџи, Орвел би имал што да каже околу тоа :kafe

ФБ и Инстаграм од друга страна овозможуваат ставање слики, погодуваат на секаква раја и во Англија биле на второ место како причина за развод :kafe

Значи на форум сепак треба да седнеш, да промислиш нешто, да напишеш, нема цицки на секој агол.
Ама во крајна линија, човек одлучува да прекине со форум поради преминување на друга платформа или мрежа, не познавам никој кој скроз баталил интернет па ете така, луѓе одлучуваат да напуштат форум, мене пример не ми се напушта и ќе бидам тука ваљда како Џонатан во Ролербол кога ролаше сам по арената :ladno

Овој форум ми се чини пропадна поради два типа ликови кои (може ке згрешам, ама ке кажам) мислам дека админите намерно ги оставаат да ,,прават гужва,, а всушност се добива спротивен ефект. Едните се оние кои пишуваат буквално на секоја тема, а најчесто на ниту една немаат свое мислење. Прекратките постови не се толкав проблем ко содржината која најчесто е препукување без некаква цел, без некоја поента, без поука и аргументи и често е исклучиво на лична основа. Другиот тип луѓе се пазачи затсриени во сенка, не пишуваат, ама пратат и потоа малтретираат луѓе во пораки, неретко се мешаат во приватен живот, па дури ја загрозуваат и безбедноста на членовите на форумот. Ваквите психопати не се возбудуваат многу на фб или други социјални мрежи каде што сме со име презиме и други податоци, бидејки се уфилмани и сакаат да ,,истражуваат,, да копаат по нечиј живот, па и да прераскажуваат, да подлажнуваат и така натаму. Мислам дека не само што е добро, туку дека и обврска е на админите да се позанимаваат со ваквите и да ги испратат од тука, бидејки не само што е лошо по форумот, туку не е добро ниту пак е фер спрема членовите кои се тука да разменат искуства, знаење, мислење и способни се да остварат пријатна и нормална дружба.

Имаше и трет тип а тоа беа ликови кои ги "превртеле" сите форумски членки :rofl
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Немаме пример од минатото за ова, ние сме први генерации кои имаат пристап кон виртуелни платформи, порано биле весници и списанија и раја која пишувала писма на уредници :pusi
Е тоа со заситувањето е веќе друг проблем на ова време каде што све набрзина здосасува на луѓето, мора да е инстант, на два клика инаку фирст ворлд проблемс.

Проблемот на форумите како платформи се што не можат да држат чекор со имбецилноста на мнозинството корисници на социјалните мрежи, пример Твитер ги ограничува корисниците на 140 букви, колку човек треба да има ниско самопоштовање за да учествува во такво нешто, пази не 140 реченици или зборови него букви! Ти ја ограничува мислата, те тера да мислиш со кратеници, емотикони и емоџи, Орвел би имал што да каже околу тоа :kafe

ФБ и Инстаграм од друга страна овозможуваат ставање слики, погодуваат на секаква раја и во Англија биле на второ место како причина за развод :kafe

Значи на форум сепак треба да седнеш, да промислиш нешто, да напишеш, нема цицки на секој агол.
Ама во крајна линија, човек одлучува да прекине со форум поради преминување на друга платформа или мрежа, не познавам никој кој скроз баталил интернет па ете така, луѓе одлучуваат да напуштат форум, мене пример не ми се напушта и ќе бидам тука ваљда како Џонатан во Ролербол кога ролаше сам по арената :ladno

Имаше и трет тип а тоа беа ликови кои ги "превртеле" сите форумски членки :rofl
Пак ќе кажам, трансформацијата од еден начин на друг, во одреден период на животот. Порано, многу потешко му се здосадувало на човек да „комуницира“ преку одреден медиум, така да еден lifespan на таа желба ја покривала исто колку и на еден човечки живот.
Побрзиот начин на живот тера не само да ти здодева побрзо одредена платформа, туку со тек на време и да се заситиш од билокаков начин на комуницирање via медиум, што доаѓа до одреден вид на „оттуѓување“ или јас би го нарекол - незамарање со тривијални работи. Моето предвидување е во иднина ќе има 2 типа на луѓе; оние кои нон-стоп ќе се шалтаат од еден на друг па на трет медиум итн. и оние кои по одреден период ќе им свирне во главата дека сето тоа нема никаква вредност и ќе се тргнат од тој свет, живеејќи еден вид монашки живот, изолирани од виртуелноста по своја воља. А тоа не значи дека се оттуѓени, јер ете истото тоа што го прават другиве по соц.мрежи, овие ќе го фураат во живо, можеби не толку често. И ќе им биде таман.
А форумот ќе остане да дише на апарати чат пат од првите кои демек ќе споделуваат лични искуства, познавања, итн.
 
Не би рекол дека нема вредност, но тоа пред се зависи од искуство до искуство, ете јас имам различно од твоето, сите што сум ги запознал од Црнобело, освен 2 исклучоци :zelen биле ок, не само тоа, со неколку особи тоа прерасна во трајно и прекрасно пријателство кое далеку го надмина виртуелниот свет, со други само географската раздалеченост и лични околности беше причина што контактот виа ЦБ не се разви во нешто повеќе, во никој случај не можам да се пожалам, е сега форум ко форум имало све и свашта и фини муабети и тешки зборови и цинични испади и клетви, сум увредил луѓе и мене ме увредиле, ништо поразлично од реален живот, се споделиле инфо, емоции, ставови, муабети за секти (каде во реален живот ќе праи човек муабет за секти а ми се праи таков муабет секој ден :zelen) не знам зошто луѓето се откажуваа од форумот, сите како одвај да чекаа да најдат причина, некои демек немале време (а имаат за инста и фб и твитер кои гарант земаат далеку повеќе време) некои не знам што, но во ред, секој со своите приоритети.

Како и да е, не верувам дека ќе измислат подобра виртуелна платформа некогаш од форумите, @Хептаграм XI спомена мирц ама во тоа време немав нет, чат пат по нет-кафиќи или како ги викаа, но тоа беше само чат, немаше ништо друго во тоа мирцот, па повеќе читав сајтови него што користев за мирц пошто беше 60 денари саат или како беше :kafe

Нема апсолутно ништо погрешно во употребата на форум за запознавање на пример, барем имаш далеку поширок избор, доброволен и тоа, посебно со луѓе кои делиш нешто заедничко, за разлика од традиционалните места каде раја се запознавала како чколии, факсови, работни места, биртии, кафиќи...
Е сега има ризик секако, ама ризик има и во запознавање во живо во клуб или кафиќ така да, би рекол дека има помал ризик на овој начин, којзнае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and melpomena

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
SDK
Sakam lugjeto koi gi srekavam vo zivotot da mi se sudbina, da mi se postojano okolu mene, a se po malku da mi bidat lekcija I da im bidam samo tranzitna stanica. Se umoriv vo zivotot od lekcii, od shamari I lazni zborovi.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and malecka