Човекот учи додека е жив, мора со цитирање да се поправа по форуми - тоа еИ се поправаш таму кај што си грешел. Ме изнасмеа
Човекот учи додека е жив, мора со цитирање да се поправа по форуми - тоа еИ се поправаш таму кај што си грешел. Ме изнасмеа
Јас имам кратко прашање околу ова: Како би „отстранила“ некој член кој ете има агенда:Овој форум ми се чини пропадна поради два типа ликови кои (може ке згрешам, ама ке кажам) мислам дека админите намерно ги оставаат да ,,прават гужва,, а всушност се добива спротивен ефект. Едните се оние кои пишуваат буквално на секоја тема, а најчесто на ниту една немаат свое мислење. Прекратките постови не се толкав проблем ко содржината која најчесто е препукување без некаква цел, без некоја поента, без поука и аргументи и често е исклучиво на лична основа. Другиот тип луѓе се пазачи затсриени во сенка, не пишуваат, ама пратат и потоа малтретираат луѓе во пораки, неретко се мешаат во приватен живот, па дури ја загрозуваат и безбедноста на членовите на форумот. Ваквите психопати не се возбудуваат многу на фб или други социјални мрежи каде што сме со име презиме и други податоци, бидејки се уфилмани и сакаат да ,,истражуваат,, да копаат по нечиј живот, па и да прераскажуваат, да подлажнуваат и така натаму. Мислам дека не само што е добро, туку дека и обврска е на админите да се позанимаваат со ваквите и да ги испратат од тука, бидејки не само што е лошо по форумот, туку не е добро ниту пак е фер спрема членовите кои се тука да разменат искуства, знаење, мислење и способни се да остварат пријатна и нормална дружба.
Епа така е и менува мислења додека е жив.Човекот учи додека е жив, мора со цитирање да се поправа по форуми - тоа е
Не е до имањето/немањето раја. Делумно е, можеби ради трансформирањето од една во друга платформа - форум v.s. Фејсбук/твитер, но и тука се сопнуваме во поим. Некој погоре пиша за мирцот, некој помлад ќе пише за златното доба на форумот, утре некој за твитер/фејсбук. Се` се сведува на еден вид копнеење на некое старо време, но во принцип и да се врати истото, нема да го има истиот шмек. Тогаш на што се сведува овој „проблем“ кој се повторува со генерации и генерации наназад?
Во несвесноста дека сме созреале за одредена платформа да ја употребуваме исто онолку колку ни е потребна. Доаѓаме во периоди во животот кога се заситуваме, а сепак нашата свесност е далеку од тоа да ја признае реалноста, и затоа гаиме одредена надеж, со поткрепа на сентимент за старите добри времиња. А животот не само што го изменил својот тек, туку и вреска одвнатре, ни удира неколку воспитни за да се разбудиме и го зауздаме. Оттаму и нашето внатрешно незадоволство. Бидејќи 100 пати повторена омилена грамофонска плоча, можеби звучи секогаш различно, но на крај треба да ја ставиме на заборавот да си го стори своето.
Со тек на многу време и за жал несвесно почнуваме да го менуваме компасот. Тоа е тој процес на созревање. Ништа мање, ништа више.
Овој форум ми се чини пропадна поради два типа ликови кои (може ке згрешам, ама ке кажам) мислам дека админите намерно ги оставаат да ,,прават гужва,, а всушност се добива спротивен ефект. Едните се оние кои пишуваат буквално на секоја тема, а најчесто на ниту една немаат свое мислење. Прекратките постови не се толкав проблем ко содржината која најчесто е препукување без некаква цел, без некоја поента, без поука и аргументи и често е исклучиво на лична основа. Другиот тип луѓе се пазачи затсриени во сенка, не пишуваат, ама пратат и потоа малтретираат луѓе во пораки, неретко се мешаат во приватен живот, па дури ја загрозуваат и безбедноста на членовите на форумот. Ваквите психопати не се возбудуваат многу на фб или други социјални мрежи каде што сме со име презиме и други податоци, бидејки се уфилмани и сакаат да ,,истражуваат,, да копаат по нечиј живот, па и да прераскажуваат, да подлажнуваат и така натаму. Мислам дека не само што е добро, туку дека и обврска е на админите да се позанимаваат со ваквите и да ги испратат од тука, бидејки не само што е лошо по форумот, туку не е добро ниту пак е фер спрема членовите кои се тука да разменат искуства, знаење, мислење и способни се да остварат пријатна и нормална дружба.
Пак ќе кажам, трансформацијата од еден начин на друг, во одреден период на животот. Порано, многу потешко му се здосадувало на човек да „комуницира“ преку одреден медиум, така да еден lifespan на таа желба ја покривала исто колку и на еден човечки живот.Немаме пример од минатото за ова, ние сме први генерации кои имаат пристап кон виртуелни платформи, порано биле весници и списанија и раја која пишувала писма на уредници
Е тоа со заситувањето е веќе друг проблем на ова време каде што све набрзина здосасува на луѓето, мора да е инстант, на два клика инаку фирст ворлд проблемс.
Проблемот на форумите како платформи се што не можат да држат чекор со имбецилноста на мнозинството корисници на социјалните мрежи, пример Твитер ги ограничува корисниците на 140 букви, колку човек треба да има ниско самопоштовање за да учествува во такво нешто, пази не 140 реченици или зборови него букви! Ти ја ограничува мислата, те тера да мислиш со кратеници, емотикони и емоџи, Орвел би имал што да каже околу тоа
ФБ и Инстаграм од друга страна овозможуваат ставање слики, погодуваат на секаква раја и во Англија биле на второ место како причина за развод
Значи на форум сепак треба да седнеш, да промислиш нешто, да напишеш, нема цицки на секој агол.
Ама во крајна линија, човек одлучува да прекине со форум поради преминување на друга платформа или мрежа, не познавам никој кој скроз баталил интернет па ете така, луѓе одлучуваат да напуштат форум, мене пример не ми се напушта и ќе бидам тука ваљда како Џонатан во Ролербол кога ролаше сам по арената
Имаше и трет тип а тоа беа ликови кои ги "превртеле" сите форумски членки
Пак ќе кажам, трансформацијата од еден начин на друг, во одреден период на животот. Порано, многу потешко му се здосадувало на човек да „комуницира“ преку одреден медиум, така да еден lifespan на таа желба ја покривала исто колку и на еден човечки живот.
Побрзиот начин на живот тера не само да ти здодева побрзо одредена платформа, туку со тек на време и да се заситиш од билокаков начин на комуницирање via медиум, што доаѓа до одреден вид на „оттуѓување“ или јас би го нарекол - незамарање со тривијални работи. Моето предвидување е во иднина ќе има 2 типа на луѓе; оние кои нон-стоп ќе се шалтаат од еден на друг па на трет медиум итн. и оние кои по одреден период ќе им свирне во главата дека сето тоа нема никаква вредност и ќе се тргнат од тој свет, живеејќи еден вид монашки живот, изолирани од виртуелноста по своја воља. А тоа не значи дека се оттуѓени, јер ете истото тоа што го прават другиве по соц.мрежи, овие ќе го фураат во живо, можеби не толку често. И ќе им биде таман.
А форумот ќе остане да дише на апарати чат пат од првите кои демек ќе споделуваат лични искуства, познавања, итн.