Сакам да кажам/Сакам да прашам

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,328
3,017
1,133
SDK
Sakam lugjeto koi gi srekavam vo zivotot da mi se sudbina, da mi se postojano okolu mene, a se po malku da mi bidat lekcija I da im bidam samo tranzitna stanica. Se umoriv vo zivotot od lekcii, od shamari I lazni zborovi.
 
  • Like
Реакции: melpomena and malecka

malecka

Староседелец
3 април 2013
64
35
1,028
Абе јас да имам некаква моќ, да можам сите би ги пуштил на пракса во Германија да се научат на дисциплина, скромност, почит и култура, и никој не смејт да се вратит 3 месеци минимум, немат тате мама тешко е вака е така е. Море стапот и по грб, зш на туѓ грб стапот не болит.

.
Братучед мој со женска му беа во Минхен на работа 3 месеци со македонски пасош и се вратија во Мк со 6000 евра.
Тоа што знам е дека работеле и двајцата по 10 часа 6 дена во неделата, 9 евра од саат. Значи 26 дена во месец работеле. Едната плата ја трошеле за кирија , јадење и транспорт , а другата плата за штедење.
Дефинитивно 6000 евра чисти пари вратија за да се раздужат за кредит што имаат во Мк и да си купат за дома немаа шпоред, перална, фрижидер, сиромашна фамилија.

Значи, ако ти се работи можеш да заработиш пари за 3 МЕСЕЦИ , се друго е изговор на мрзеливи луѓе кои не сакаат да работат па се жалат криза било.
 
  • Like
Реакции: escape and Prashina

İncognito

Староседелец
31 август 2013
2,498
3,774
1,153
Кога си брутално искрен имаш и брутални последици, некако луѓето се навикнати на лаги, после што на ум то на друм се осеќаш гол и се срамиш поради тоа.
 
  • Like
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Кога си брутално искрен имаш и брутални последици, некако луѓето се навикнати на лаги, после што на ум то на друм се осеќаш гол и се срамиш поради тоа.
Затоа што, најчесто, ние што функционираме со „што на ум, то на друм“ ја кажуваме вистината, кога тоа од нас не се бара. Или што би рекол народот, „Го мешаме носот кај што не нѝ е местото“.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Братучед мој со женска му беа во Минхен на работа 3 месеци со македонски пасош и се вратија во Мк со 6000 евра.
Тоа што знам е дека работеле и двајцата по 10 часа 6 дена во неделата, 9 евра од саат. Значи 26 дена во месец работеле. Едната плата ја трошеле за кирија , јадење и транспорт , а другата плата за штедење.
Дефинитивно 6000 евра чисти пари вратија за да се раздужат за кредит што имаат во Мк и да си купат за дома немаа шпоред, перална, фрижидер, сиромашна фамилија.

Значи, ако ти се работи можеш да заработиш пари за 3 МЕСЕЦИ , се друго е изговор на мрзеливи луѓе кои не сакаат да работат па се жалат криза било.
Абе.... се ќе поминит.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
За ден два че видиме колку сум се поправил и дали личноста ќе ми прости за глупостите, а дотогаш во карантин и ќе медитирам.
 
İncognito

Староседелец
31 август 2013
2,498
3,774
1,153
Затоа што, најчесто, ние што функционираме со „што на ум, то на друм“ ја кажуваме вистината, кога тоа од нас не се бара. Или што би рекол народот, „Го мешаме носот кај што не нѝ е местото“.
Абе види ти тоа го споредуваш со мешање на носот што донекаде и значи нешто во поширок периметар, јас ќе ти кажам поинаква контракција, имаме дланка со пет прсти и ти и јас, а ние одлучуваме да се почешаме доле со палецот, еве пробај и мислам ќе ме разбереш.
 
  • Like
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Кога си брутално искрен имаш и брутални последици, некако луѓето се навикнати на лаги, после што на ум то на друм се осеќаш гол и се срамиш поради тоа.
Па зависи за што, некогаш мора нешто да се премолчи, пример имаш другар кој има лузна на фаца и сеа ти си брутално искрен и пред излегување во град му викаш "брат ти имаш лузна", или некој има тешка болест и сеа брутално искрен и му кажуваш дека се спушта завеса или имаш женска/сопруга и кажуваш како бившата ти ги лижела тестисите, шо, искрен си, не ја лажеш, тоа е факт :kafe
Мислам искреноста е ок ама понекогаш е преценета. Не мора да се лаже ама мора да има се има и добар филтер :)
 
  • Like
Реакции: Electra and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Братучед мој со женска му беа во Минхен на работа 3 месеци со македонски пасош и се вратија во Мк со 6000 евра.
Тоа што знам е дека работеле и двајцата по 10 часа 6 дена во неделата, 9 евра од саат. Значи 26 дена во месец работеле. Едната плата ја трошеле за кирија , јадење и транспорт , а другата плата за штедење.
Дефинитивно 6000 евра чисти пари вратија за да се раздужат за кредит што имаат во Мк и да си купат за дома немаа шпоред, перална, фрижидер, сиромашна фамилија.

Значи, ако ти се работи можеш да заработиш пари за 3 МЕСЕЦИ , се друго е изговор на мрзеливи луѓе кои не сакаат да работат па се жалат криза било.
Трол, не шири дезинформации, со мкд пасош им треба работна дозвола, освен ако немале познат, роџак или нешто да ги вработи веќе договорени на црно, па за тие 3 месеци колку што макс. можат да виреат во немачка со хунза-пасош па присоберат некоја пара. Со мкд пасош тешко ти издаваат стан, немаш папири, или ти бараат дупло или тројно поголема сума за осигурање (обично се дава еквивалент на месечна кирија) или во населба во која ќе се надене човек на шприц ако седне на клупа, ако има клупа воопшто и најблиска линија на метро е на пола саат пешадија.
Твојата прича и сумата е можна само со професија дилер.
 
Фала што ме просветли. Изгледа не ми било доволно јасно изминативе 12 години во Берлин , па гледам ти повеќе знаеш од мене, да не си роден германец ? (think)

Се што пишав е точно, особено кога знам дека станува збор за личности од поблиска фамилија.
Ти не мора да веруваш , они си заработија пари и се вратија назад во Мк. - толку е , 3 месеци со македонски пасош, максимално искористено време и заштеда на пари.

Тоа што знам го напишав, а не сум информирана околу тоа каде спиеле и кој им организирал и ги пречекал во Минхен. Едноставно не сакав да го пикам носот со прашања во детали за се и сешто.

А на темава сакам да кажам дека измрзнав од ладно, ми фали сонце и топло време, грррррррр пак спиење со кебе, чорапи, по долги ракави :|