Абе јас да имам некаква моќ, да можам сите би ги пуштил на пракса во Германија да се научат на дисциплина, скромност, почит и култура, и никој не смејт да се вратит 3 месеци минимум, немат тате мама тешко е вака е така е. Море стапот и по грб, зш на туѓ грб стапот не болит.
.
Братучед мој со женска му беа во Минхен на работа 3 месеци со македонски пасош и се вратија во Мк со 6000 евра.
Тоа што знам е дека работеле и двајцата по 10 часа 6 дена во неделата, 9 евра од саат. Значи 26 дена во месец работеле. Едната плата ја трошеле за кирија , јадење и транспорт , а другата плата за штедење.
Дефинитивно 6000 евра чисти пари вратија за да се раздужат за кредит што имаат во Мк и да си купат за дома немаа шпоред, перална, фрижидер, сиромашна фамилија.
Значи, ако ти се работи можеш да заработиш пари за 3 МЕСЕЦИ , се друго е изговор на мрзеливи луѓе кои не сакаат да работат па се жалат криза било.