Барање работа
Прво си млад и немаш искуство, се бара некој позрел и попосветен. По дифолт ти си младо прле што сега искочило од школски клупи, нема ништо изживеано и нема доволно да се посвети на работата...
Кога ќе ги поминеш сите огласи, фирми, здруженија и институции и кога времето ќе си помине, тогаш е зошто не си барал со време, а не тебе кога ќе ти текне.
-Тогаш си сакал да скиташ, да живееш, а од тоа деца нема леб... Ах вие пусти млади разгалени, во мое време на ваши години веќе три деца чував и десет години стаж имав. Да си мислиш на време за се!
Ахам. Сега мислиш и волонтираш, помагаш, собираш искуства...
Сега имаш искуство, ама немаш среќа, не си социјален случај-ќе почекаш следен пат.
Социјален случај си, ама немаш плазма телевизор...