Екстерниве тестови се најглупавото нешто во образованиево што некој можел да го смисли.
Ко студент, се ежам од очајните обиди на родителите да дојдат до препростите одговори на прашањата наместо децата. Потплаќања, убедувања, плачења во очи Божиќ. За што? Не се бели, Маре мори, не се...
а) Комарци
б) Црви
в) Црни
Или „Наброј три дела од Шекспир“. Ќе се шинете ли самите да побарате, а така воедно и да запомните полесно?
Каков црн есеј за 5ка да напишам за некој што не знае основен спелинг?
Heloo? Neim? Озбилно?
А пак ко некој чија, здравје, идна професија ќе е токму во наставните кадри, се ежам од помислата дека егзистенцијата може ќе ми зависи од некого што ќе научи да ги рецитира тестовите напамет, а на кој реално и двојката му е премногу.
„Ама да помогнеме на децата...“ Помогни му со тоа што ќе седнеш до него да барате заедно и да го преслушаш, да не шета мислејќи дека фотосинтеза е сликовит развој...(немам објаснение околу логиката како дошле до тој заклучок)
И да помогнеш, и од А до Ш да им напишеш, не можеш знаењето да го втераш некому, но сепак, радо пет часа ќе се мачам со некој што сам прашал и се труди да се подобри бар за нијанса, отколку за 10 минути да изнавезам сѐ што треба на некој родител што врска немам како ме знае и на чие дете очи нема да видам зашто е зафатено со кафиња. Најјакото е после што ти, ко пријател, си трошел време да помогнеш, а не си ни помислил да наплатиш, за после уз наивен муабет да добиеш впечаток дека ти си виновен што тие не научиле ко што треба.
Битно по интернет сите станавме *сапиосексуалци. Што имаше познаничка споделено статус вчера: Сите за Валентин кукаат дека се сами, а никој на 24ти мај (ден на словенските просветители) не се пожали што е неписмен.
*го читаме и споделуваме Лешоски и сакаме дечко ко него што ќе опева неразбирливости уз пцуење