Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Си седам во кујна со лаптоп, си кулирам до отворен прозор... ме мава оној мисир на лето. Тешко е да се објасни, едноставно нешто во воздухот надвор ме потсеќа на летна вечер.
Мирисот на полен во мај, чудната влажност на воздухот, топлата струја на ветерот.... You name it.


Мај дефинитивно кај мене донесе многу чемер и турбуленции во оваа година. Не сакам да се повтори воопшто.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Морав да кажам,морам да прашам,и додека го пишувам ова ,солзи ми потекоа повторно по лицето.Одејки утрово на работа,група млади матуранти,враќајќи се сигурно од прославата,пееа од срце и душа,колку ги држи глас,сите прегрнати еден со друг,девојчињата со размачкана шминка и високите потпетици ги држеа врака,момчињата со по шише пиво,кој редбул пие,кој цигара пуши.Застанав и ги гледав,заплакав ,чудни емоции ме преплавија,и да ме праша некој зошто плачам,неможам да објаснам,да ме прашаа и младите матуранти,сите како кукли облечени,зошто плачам,пак нема да можам а исега незнам,дали воопшто постојат зборови да се опише и објасни тој најубав ден,таа ппрекретница во животот..........Ух,не ме бива да се изразам,да се Живи и здрави и СРЕКА ДА ГИ ПРАТИ !
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Знаеш што е за***но? За***но е кога друштвото ќе ти се подели на 2 страни, а ти се дружиш со сите. Одеднаш, сите те избегаваат бидејќи автоматски мислат дека таму кај што си ги викнал, ќе биде и другата страна. А мислев дека јас сум во мозокот дете сеуште...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
сдк... Постојат луѓе кои имаат ѕвезда за да бидат вистински пријатели... (pivo)(pivo) (y) ;)

сдк2.... четврт ден откако сум горд сопственик на уште една Шкода... Прекрасно практично машинче со комоција 3 класи над неговата...

Иста ваква зеленка, 60коњи .... Си ја викам Маја :showoff
250px-FeliciaPrincezna.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Prashina

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Maќедонија(копирајт Аутрајдер) е земја која е полна со стручњаци.
Стручњаци кои се толку многу информирани за се, за се знаат лек во државава, горди Маќедонци.
Затоа ќе си се враќаме болни од лекар, со расипан телефон од сервис, со преведен документ како прваче да го прегледувало, со дебела сметка од бесплатни минути...
Ќе си фаќаме топ10 места во индексите за светска мизерија, ама тие се хејтери оставете ги, поим немаат од економија, нашиве стручњаци тврдат дека светските грешат. Некој нема пари гаќи нови да си купи, со стари и искинати оди, ама ќе ти зборува за тоа колку е квалитетна економијата.
Порано се расправав со вакви, сега веќе не.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не знам дали јас веќе немам трпение или досадни ми станаа истите фаци. Не викам дека јас сум цвеќе за мирисање, ама ужасно многу ме нервираат луѓе што само се жалат. Не сте се виделе со недели ниту па сте се слушнале преку телефон/скајп, не ти вика ни "здраво", него "еј да знаеш што ми се деси". Најтрагично од се, не знаеш дали сака да биде сожален/а или пофален/а зошто меѓу сето тоа жалење успева од време на време да вметне нешто во стилот на "по цел ден сите ме бараат", "леле кај најдоа сите у исто време да ми ѕвонат", "не можам глава да кренам од што сум зафатена", бла, бла, блааааа... bugger off више аман. Да се чудиш од каде им толку енергија за негативни с****а... oh wait, ја цицаат од други луѓе!
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Сакам да прашам зошто ми е толку позната музиката и ритамот на песната
Да госпогинов е познат по плагијати и стварно не ми текнува која беше оваа ?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Животот е тркало, очекував бавно да се врти, ама се сврти брзо. Заслужено.
Во ваше здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and violetmoon

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Нечовечки ми е луѓето да се лутат и нервираат кога разговараат со човек кој недослушува. Па уште му се придераваат ко да сака тој да има таков проблем, а кутриот ко да го стопирал целиот свет само да слушне што му зборуваат.
Какви луѓе нелуѓе... И одма етикети и вицови на негова сметка.
Говеда.