Сакам да кажам/Сакам да прашам

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Отровните луѓе се исто како отровите на некои животни.
Влегуваат во организмот, го деструираат, го прават ранлив и го разболуваат. И тогаш човекот трпи болест, се дури не создаде имунитет против таквите. Тогаш ги исфрла од животот, а доброто е што имунтетот е траен, па при повторен обид не може да делуваат.

Внимавајте од пријателите, тие се тие што се најнепредвидливи. Ударот од непријателите може да го предвидите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Yvette

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
сдп... зошто бре не можам да се разберам со татко ми дека јас треба да го ремонтирам алнасерот на неговата кола, а не онај глупав електричар незаинтересиран???? Па секое зимо го отвараат и пак ништо трајно не е средено. Жално бре, жално е толку време да се посвети и ништо да не се постигни :banghead :mad
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Кој се плаши од Вирџинија Вулф,
Вирџинија Вулф, Вирџинија Вулф,
Кој се плаши од Вирџинија Вулф,
Рано на сабаааајле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да ми е мака не ми е мака,зошто од мака немам мака.Ама кога не ми е мака да ми е мака ке си пукнам од мака.
А ако не ти е мака кога ти е мака и немаш мака од мака,зошто кога не ти е мака ќе си пукнеш од мака?
Мора да има мака кога кога не ти е мака од немање мака,
и тоа не иде така,
него вака:
Немаш мака и ок е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК одиш на свирка со друштво и си викаш „Ај, можда ќе биде убаво“. Прва песна, прво поминување преку жици и осеќаш дека нешто не штима. А на човек кој има осетливи уши, звуци кои отстапуваат од оние што навикнал да ги слуша, му пречат и му создаваат вртоглавици, зуење во ушите и болки. И со надеж си дека ќе им текне дур уште не почнале убаво, да се усогласат со штимањето па да продолжат (на најголеми музичари им се случувало да им се раштима инструмент среде концерт, ама знаат дека не треба да продолжат така) ама ништо од бизМисот. И веќе почнува да те боли глава, пиеш нешто алкохол со надеж дека ќе ти го помати барем малку слухот па да не мора да го слушаш тоа биење (да да, собирање на бранови со различна фрекфенција така се вика) ама и тоа не бидува. На крај гледаш друштво психо-тестери кои што постојано сликаат строго со блиц, па од тоа постојаното сликање почнуваш да се прашуваш дали си дошол на свирка (пошто звуков ти ја распарчува главата) или си дошол на тест за психоза па ти ја тестираат критичната фрекфенција со блицовите. Ај за бендов така и така, не е нешто што не би можел преку тоа, барем ете дечките се потрудиле нешто навежбале колку толку, тие им биле можностите па така излегло на крај. Ама народов, шта речи. Ти идат на свирка испоседнати ко да отишле у кино, машки со лептир машни и одела ко за на митинг, друштва кои само сликаат и чекаат некој да се сопне за да им биде топ тема за муабет следните недела дена (ееее човек да се сопне, па то резили невидени и нечуени) и некаде у ќош ги имаш влијателните кои што се расфрлаат со по 5 мобилни по човек на една маса, седнати со раширени нозе, палто строго бело и мора да има до нив шише жесток пијалак. Eбaте рок свирката. Џими да беше жив ќе си мавнеше една катана во стомак.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
  1. Стануваш, вклучуваш компјутер
  2. Пушташ Луд, збунет, нормален.
  3. Nothing else matters
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тоа што никогаш нема да го сфатам е религијата која ти се проповеда пред твоите врати. Ситуација каде ти чукаат пред порти за да ти фрлат света вода во куќа. Ништо различно од Јеховините сведоци.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Штотуку видов фотки од 12-годишна со шминка и мини сукња. Најлошо од тоа е што мој школски од основно и коментирал со: срцка си <3.
Мислам дека треба да одам да повратам.