Сакам да кажам/Сакам да прашам

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
СДП Како полицијата му става лисици на човек со една рака? (think)
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Уф, умрев.
Додека се туширав, се наголтав шампон, сега се чувствувам како одвод во тоалет... Грдо чувство.
Малку поинаква верзија на „пенаваш се, не пенаваш, ште те јадем“...

Друго: Кој е степенот на нискост на личност која прво те клевети(на класната, секако), а откако ќе се вратиш(од канцеларијата или што и да е) те прашува што се случило? И што по ѓаволите добиваат со „ќе ме кажат на учитаааааааалкатааааааааааааа“ - второ-одделенски сурат?
Се навикнав јас на овие „разговори“ со класната...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Се прашувам кој е најубав маж на светот? И секогаш ист одговор-тој со кого ќе ги споиш усните и ќе го почувствуваш целиот свет во себе.
Сите други ми се обични зашто душава не ги препознава...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сакам личности со кои, и покрај преретките дружби што може на една рака се бројат годишно, го имаме муабетот ко времето да не е никаква пречка.
Лесни, искрени, пријатни, прилагодливи и без многу драми за изумирање мозочни ќелии.
И таквите те тераат да размислуваш какви гниди се наоѓаат на сосема спротивната страна од овој спектар на карактери.
Манипулативни, егоцентрични суштества што лажат на секој земен и испуштен здив за некоја своја цел и корист и постојано бараат нови жртви по кои ти иде да викаш на сиот глас да бегаат што подалеку, а резултатот е како оној во кошмарите кога гласот ти е нечуен зашто едноставно жртвените јагниња се заслепени од приказните и лажната светост на дотичните.
И не ми е криво што знам такви, покрај нив увидувам колку ништожно може да е едно човече од крв и месо, ама криво ми е што утре со страв и сомнеж ќе гледам и на оние што заслужиле не прст, туку цели две раце да им пружиш.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Дефиниција за пријател:Некој со кој си ручал во текот на последната година
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Има ли онлајн некој хемичар, а може и некој друг ако знае радикали.