Не верував дека ќе речам -И завидувам на мајка ми што е опседната со турски серии.
Си гледа на саат и радосно исчекува да и почне маратонот.
Јас сум веќе труп. Ништо не ме мрда.
Едно време си имав и јас омилении серии, филмови, емисии. Омилени списанија кои редовно си ги купував, имав книги заради кои со денови не излегував од дома. Уживав да читам, да гледам тв, да слушам музика, да фантазирам...Никогаш не ми беше досадно. Никогаш. Камо среќа да ме заинтересира макар и индиска серија, ќе ја гледам. Ама не, како што кажав-труп.
Вчера била златна буба мара, вечер биле оскари, мене мува не ме лази, не ме интересира, нејќе да ми чуе.
А немам попаметна работа, зошто да не гледам, зошто не ме интересира веќе ништо? Се' ми е глупаво, сите ми се досадни.
Ако потрае состојбава уште малку, ќе си барам иљач.