Сакам да кажам/Сакам да прашам

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Сум ви кажала колку сум убава наутро кога ќе станам? :D Па и да,не сум како некои девојки кои се бушави,отечени во очите.Само што се разбудив рипнав од креветот право у кујна :D Сега мислиш дека сум дебела ама јас сум најслабото девојче у целиот клас :giggle.
Почнав да правам стомачни иако си имам рамно стомаче на кое многу ми завидуваат (wasntme)
Денот ќе го завршам со вечера која мајка ми уште сега почна да ја спрема.Целата куќа мириса на пита од јаболки,риба и уште нешто благо. (happy)
Конечно сум среќна.Нека потрае! (pivo)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
СДК
382339_590094687685430_408508652_n.jpg
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Сакам да кажам дека не сум видела поглупаво нешто од харлем шеик :)
Се обидувам да сфатам се и секого, ама тешко ми оди со сфаќањето како тоа е кул и интересно |-(


Тоа е доказ дека дебилизмот во светот најбрзо се шири. Прво Гангам Стајл па сега ова...(n)
 

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Надвор врне-истура, а јас сум си дома, на топло и си пијам чајче. За недела вечер и не може да биде подобро. Или може?

Не сакам да се вратам утре во Скопје.
Не сакам да се шетам по големите, туѓи улици и да си ја оставам пола младост на семафорите.
Не сакам веќе да си притоплувам јадење и да јадам глупави пици и тостови.

Сакам да си останам во мојот град.
Сакам да бидам со мама и со тато. Сакам да ја карам мајка ми зашто гледа турски серии. Сакам да возам низ град со татко ми, а тој да се плаши како мало детенце.
Сакам да си ги гледам дедовците почесто.
Сакам да излезам на прошетка и 100 метри да ги минам 15 минути зашто сум сретнала познати, драги лица. Сакам да си зимам книги од нашата библиотека, да одам во нашите кафичи со другарки што ги знам двоцифрен број години и што знаат што ќе нарачам.
Сакам да спијам во мојот кревет, да седам на големиов, стар компјутер, бавен како трактор, ама сепак подобар од глупавиот лаптоп.
Сакам да одам по леб и да ги поздравувам комшиите, а тие, како и обично, да ми се обраќаат со името на сестра ми, оти многу сме личеле.

Сакам, ама нема.

Глупава, меланхолична недела. Ме расплака.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се прашувам како е можно
еден поглед (кој траеше можеби 30 секунди)со некој кој е толку небитен и непознат во мојот живот да остане толку длабоко врежан во мојата глава?
Момент во кој се друго застана и постоеше само тој поглед.
Што беше тоа?
 

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
Се прашувам како е можно
еден поглед (кој траеше можеби 30 секунди)со некој кој е толку небитен и непознат во мојот живот да остане толку длабоко врежан во мојата глава?
Момент во кој се друго застана и постоеше само тој поглед.
Што беше тоа?
јас би кажал дека оди накај љубов :giggle