Privacy (n.) The state of being free from public attention.
Или по нашки ако милувате - чувај си го муцето/тастатурчето затворено за да не пекаш после.
Некогаш ми иде да одам по дотичните и да им лепам шамари. Ко некој потсетник.
Зине ли да изнесува приватност (посебно ако апла треба да си ја чува за себе) -шљап- шамарот.
Зине ли да пека као е познат/а, виџен/а и славен(на) оти некој се замарал со приватноста што сам/а си ја изнел/а -шљап- шамар наопаку.
Или проект на владата на Република Македонија - бокс-машина за сечиј компјутер, па зинеш ли да се расфрлаш ко бомбаш-самоубиец сред Пакистан, те нокаутира, ти го исклучува прозорецот и перманентно ти забранува посета на страната.
Јес да сме испревртени, радознали говеда со кромањонски навики да пикаме нос секаде, ама некогаш, некои, прелесно ни го овозможуваат тоа.
For the sake of humanity, чмарчиња, чворчиња и лигушки се за дома!