Сакам да кажам/Сакам да прашам

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Сакам да кажам дека само дома си е дома, ама буквално. Нема поубаво чувство да си таму каде што вистински припаѓаш и каде што на момент можеш да заборавиш на се'. Каде што добрите мемории не им оставаат простор на тековните проблеми да дојдат на дневен ред.
Нека трепка. :zelen
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Сдк романтичен момент е шетање на дожд со вода во кондура....(rain)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секогаш се трудам да ги сфатам луѓето кои своите проблеми ги сметаат за единствени, нерешливи и најтешки.
Зарем таквите, не спознале некој кој НАВИСТИНА има проблеми кои навистина се тешки па своите ги категоризира до ниво на паѓање во трансови?
Јасно ми е, сите имаме проблеми и мисли кои не мачат и не растажуваат, но зарем не треба да се насмевнеме и да бидеме благодарни со своите ''проблеми'' кога знаеме на светов што се има?
Мислењево ми е паричка со две лица, но кога налетувам на некој\а по интернет светов како лелека од своите проблеми со шминката, облеката, дечкото и одморот на кој летово нема да оди, се прашувам колку човечност останало во луѓево?
Ех драги мои луѓенца, има луѓе кои животот го крпат, има луѓе кои останале без родители, има луѓе кои се тешко болни. . . на никого не посакувам да е дел од нив...
Бидете задоволни со тоа што го имате, секогаш стремете се за повеќе, но никогаш не проколнувајте го својот живот колку и тежок да изгледа во некои ситуации..
Ај да не мудрувам повеќе... лесно е да даваш совети седнат пред монитор, куцајќи на тастатура... оди примени ги да те видам :D
(Ојдов) :zelen

Дај боже никогаш да не осетат вистински проблем и засекогаш да си останат желни за се повеке и се повеке внимание,незадоволни од она што вистински го заслужиле.
Најверојатно и тоа е итекако не мал проблем.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Дај боже никогаш да не осетат вистински проблем и засекогаш да си останат желни за се повеке и се повеке внимание,незадоволни од она што вистински го заслужиле.
Најверојатно и тоа е итекако не мал проблем.


И јас истото го велам :D
Само знаеш како, јас зборувам - а се фаќам себе си како некогаш и јас истото го правам, па си го гризам јазикот за она што сум го рекла.
Несомнено сите така некако тераме : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Таман ќе помислиш си го видел најлошото... BOOM! SURPRISE, MADAFAKA! (facepalm) Да не беше смешно, ќе беше трагично.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Слободните денови дојдоа.Не знам што попрво да направам.Денес се убив од спиење.Утре треба да се видам со нејзе.
Сакам да кажам дека овие неколку денови слободни знам дека ќе отидат многу брзо.А ни нема да сум „слободен“.Недостапен опција на мој мобилен нема.
Дај боже 3 дена мрежата на сите оператори да падне заради наезда на глувци што ќе ги кинат каблите у мичку патерину :D :D :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Сакам да кажам....

Денеска магистрирав. Пресреќен сум. Пре пре пресреќен!(party)

Честито и нека животот ти ги отвори најшироките врати за напредок и среќа. Да си оствариш се што си замислил и за се што мечтаеш.Браво!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The High Commander

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Недела.
Некои спијат, се трезнат.
Некои се љубат, пијат кафе и си гугукаат.
Некои ја прегледуваат синоќешната листа на појдовни повици во мобилниот и се мразат.
А, никој не станува во 6 сабајле да пие нес, да направи штрудла со портокали?! , макарони во сос од патлиџанчиња со босилек и не усисава и не брише прашина...освен мене.
Не сум при себе - потврдено.
Со здравје.